Руската служба за безбедност соопшти дека 29-годишен државјанин на Узбекистан е приведен за убиството на високиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва.
Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), рано утринава излегувал од станбена зграда кога експлодирала направа скриена во мобилен телефон, соопшти рускиот истражен комитет.
Извори на Би-Би-Си во украинските безбедносни служби тврдат дека тие стојат зад операцијата за убиство на Игор Кирилов во Москва.
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, изјави дека украинското раководство ќе се соочи со неизбежна одмазда за убиството на високиот руски генерал, пренесе агенцијата РИА.