Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Чаир, Сопиште, Ѓорче Петров и Чучер Сандево, соопшти РЦУК - Скопје.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат: · Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с. Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана (општина Сарај) · Oд 09:00 до 13:00 часот,ул. Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски (општина Чаир) · Oд 09:00 до 15:30 часот,с. Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово (општина Сопиште) · Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул. Наум Чакаров бр.1-5 и ул. Борис Сарафов бр.105-121 (општина Ѓорче Петров) · Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во село Побожје, пат кон Бутел (општина Чучер Сандево). Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Христо Татарчев 22/4, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.