Од СДСМ се јавија со реакција на објавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пратениците од ДУИ бурно реагираа, откако мнозинството во комисијата за политички систем не го усвои дневниот ред на седницата на која бараа да се одржи надзорна расправа за истрагата за кочанската трагедија.
По вчерашните синхронизирани напади од страна на ДУИ, СДСМ и Левица, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговори со обемен фејсбук статус, во кој остро ги критикува сите три партии, нарекувајќи ги „привезоци на ДУИ“ и „политички паразити“.
Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од морални причини а тој не. По најголемата трагедија во државата којашто се случи во Кочани требаше да има морална одговорност на оној кој бил на чело на институцијата којашто била задолжена за безбедноста, а тоа е Министерството за внатрешни работи.