1 (158) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Nov 07:06 -> 27-Nov 18:44
.
.
.
.

Мицкоски: Ако треба со корумпираните судии и обвинители ќе се справиме и на поинаков начин

  • Филипче: Многу отворени прашања за унгарскиот кредит, ние дававме кредити со многу пониски каматни стапки

  • СДСМ: Апсурд од премиер – Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

  • Мицкоски: Речиси сите банки прифатија да ги исплатат парите од унгарскиот кредит за компаниите

Премиерот Христијан Мицкоски најави робусна акција против корумпирани судии и обвинители, со кои, како што вели, ако треба ќе се справат и на поинаков начин.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека има многу отворени прашања околу унгарскиот кредит и оти не е точно дека е со историски најниска каматна стапка.

Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека речиси сите банки прифатиле да ги исплатат парите од унгарскиот кредит за компаниите.

4 (79) ■ вести > свет ■ 25-Nov 14:23 -> 27-Nov 18:40
.
.
.
.

Почна примирјето меѓу Израел и Хезболах, жителите од јужен Либан се враќаат дома и покрај предупредувањето тоа да го одложат

  • Израел се согласи на примирје со Хезболах: Нетанјаху го објави условот за завршување на војната!

  • На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

  • Хамас е подготвен за прекин на огнот во Газа, по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапи на сила денеска во раните утрински часови, откако двете страни го прифатија договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

Израелската влада вечерва на владина седница официјално ќе гласа за примирје со исламистичката група Хезболах со која војува повеќе од една година.

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах започна денеска.

Хамас соопшти дека е „подготвен“ за примирје во Газа по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, пренесува АФП.

5 (26) ■ вести > свет > еу ■ 27-Nov 10:12 -> 27-Nov 17:33
.
.
.
.

Европратениците ја одобрија новата Европска комисија

  • Фон дер Лајен: Ќе ги поддржуваме кандидатите за членство на нивниот пат кон ЕУ се додека не бидат подготвени да ни се приклучат

  • ЕП ја изгласа новата европска комисија ,Фон Дер Лајен : Новата комисија ќе се заснова на три столба

Европскиот парламент денеска со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“ го одобри изборот на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен.

Борбата за слобода „не поврзува како Европејци“ и таа е причината за постоењето на нашата Унија и денес станува нејзина движечка сила повеќе од кога било досега, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во пресрет на денешното гласање за одобрување на новиот Колеџ на комесари.

Членовите на ЕП денеска ја изгласаа новата комисија на чело со претседателката Урсула Фон Дер Лајен.

9 (14) ■ вести > македонија ■ 27-Nov 11:48 -> 27-Nov 17:24
.
.
.
.

Дурмиши сака минималната плата да биде и 600 евра, а не 450 – за одлуката ќе се разговара на седница на Економско-социјалниот совет

  • Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

Трендафилов рече дека на наредната седница на Економско-социјалниот совет ќе ги презентираат аргументите со кои располагаат за да ги убедат властите за потребата од растот на сите плати, вклучително и на минималната плата Предвидени се средства за зголемување на минималната плата за околу 2 000 денари, што е согласно со законското решение според кое во март минималната плата би се зголемила за 1 600 до 1 800 денари.

Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата.

Повеќе од
оваа категорија

13 (23) ■ спорт > фудбал ■ 25-Nov 08:21 -> 27-Nov 17:38
.
.
.
.

Гвардиола признава: Тешко е без најдобриот

  • Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи

  • Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Вечерва Манчестер сити ќе се соочи со холандски Феенорд во рамките од 5. коло во Лигата на шампионите и избраниците на Пеп Гвардиола ќе се обидат во овој натпревар да ја прекинат серијата од пет порази во низа во сите натпреварувања.

Признавам дека во моментов мојот тим не е подготвен за големи работи, но го барам вистинскиот пат, изјави денеска тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по новиот пораз на актуелниот англиски шампион.

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижаа порази на последните пет натпревари во сите натпреварувања.

Повеќе од
оваа категорија

44 (4) ■ бизнис > економија ■ 27-Nov 15:36 -> 27-Nov 16:08
.
.
.

Започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ фондови за одржлива енергија, 5,2 милиони евра за енергетски реформи

  • ▷ 5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија, што денеска се одржа во свечената сала на Владата.

Денес, во свечената сала на Владата на Република Македонија, се одржа пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија.

215 (8) ■ бизнис > економија ■ 25-Nov 12:42 -> 25-Nov 13:41
.
.
.
.

Мицкоски: До крајот на неделава ќе бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит за стопанството

  • МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

До крајот на неделава ќе бидат целосно дефинирани условите за добивање средства од унгарскиот кредит за стопанството во износ до 250 милиони евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски и ги повика компаниите да подготват добри издржани проекти и добар бизнис план за да можат да аплицираат за добивање на средства по поволни услови.

До крајот на неделава ќе бидат целосно дефинирани условите за добивање средства од унгарскиот кредит за стопанството во износ до 250 милиони евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски и ги повика компаниите да подготват добри издржани проекти и добар бизнис план за да можат да аплицираат за добивање на средства по поволни услови.

265 (5) ■ бизнис > македонија ■ 25-Nov 18:06 -> 26-Nov 08:24
.
.
.
.

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

  • Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Тие нудат опции за секој инвеститор, а банкарските и инвестициските експерти ги едуцираат и им помагаат на клиентите да ги усогласат своите можности и финанските цели кои сакаат да ги постигнат, вели во интервју за Фактор, ексклузивно по ребрендирањето, Главниот извршен директор на НЛБ Фондови, Лазе Камчев.

Следејќи ја својата стратегија за дигиталално банкарство, НЛБ Банка воведува нова функционалност за онлајн плаќање која, во динамичниот и дигитален свет, уште повеќе ги олеснува трансакциите за клиентите и трговците.

302 (4) ■ бизнис > економија ■ 25-Nov 09:05 -> 25-Nov 10:35
.
.
.
.

СТОПАНСКАТА КОМОРА ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Беше разговарано за учество на локалните компании во проектите за Коридорите 8 и 10д

  • Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека ја продолжува соработката со „Бехтел и Енка” преку презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување.

Како дел од континуираните активности за унапредување на локалниот синџир на снабдување на проектот за автопатиштата од Коридорите 8 и 10д, претставници на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“ ја презентираа платформата за соработка пред вработените во регионалните канцеларии на Стопанската комора на Северна Македонија во Прилеп и во Битола.