1 (10) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 07:00 -> 12-Mar 09:34
.
.
.
.

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, со сведочење на Велибор Манев

  • Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

5 (44) ■ вести > свет ■ 10-Mar 09:18 -> 12-Mar 09:20
.
.
.
.

Стапија на сила царините на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум

  • Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците, им се заканува со исклучување

  • Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД

  • Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти

Зголемените царини за увоз на челик и алуминиум (25 отсто) воведени од американскиот претседател Доналд Трамп денеска стапија на сила.

Канадската покраина Онтарио денеска објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот на канадската покраина Онтарио, Даг Форд, денеска изјави дека привремено го суспендира планираниот намет од 25 отсто за извоз на електрична енергија во САД, откако американскиот секретар за трговија, Хауард Латник, се согласи на обновени трговски преговори.

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека двојно ќе ги зголеми царините за канадскиот челик и алуминиум од 25 на 50 проценти.

6 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 11-Mar 07:43 -> 12-Mar 08:36
.
.
.
.

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми, а претходно и на Дамева

  • Чачарова – Илиевска: Интерпелација на член на Судски совет е недозволен и противуставен акт

  • Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а претходно и на Весна Дамева.

Интерпелацијата против петте членови на Судскиот совет, кои што ги избира Собранието е недозволена.

Собранието денеска треба да ја одржи 40. седница, на чиј дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми.

7 (29) ■ вести > свет > регион ■ 11-Mar 00:58 -> 11-Mar 22:07
.
.
.
.

Новинарка од РТС се извини поради контроверзниот термин „толпа“

  • Се уште трае блокадата на РТС во Белград

  • Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради

Новинарката и уредничка на Радио-телевизија Србија (РТС), Бојана Млаѓеновиќ, се извини откако студенти во Белград ја блокираа зградата на јавниот сервис, реагирајќи на тоа што таа ги нарече „толпа“ (руља) за време на вчерашниот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Повеќе од седум часа трае блокадата во Белград на влезовите на зградата на државната радио-телевизија РТС што ја почна синоќа од студентите во блокада кои најавија дека ќе трае 22 часа.

Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма.

8 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 19:19 -> 12-Mar 08:54
.
.
.
.

Сиљановска во Азербејџан побара да се укинат визите за дипломатските пасоши

  • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот Алијев во рамки на официјалната посета на Азербејџан

  • Сиљановска Давкова – Алијев: Иницијатива за декларација за стратешко партнерство со Азербејџан за соработка во енергетиката и економијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари тет-а-тет средба со претседателот на државата, Илхам Алиев, а беше одржан и пленарен состанок на двете делегации.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, денеска во Баку оствари тет-а-тет средба со претседателот на државата, Илхам Алијев, а беше одржан и пленарен состанок на двете делегации.

Северна Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши.

9 (32) ■ вести > свет ■ 10-Mar 08:18 -> 12-Mar 09:25
.
.
.
.

Избори во Гренланд: Опозициската партија „Демократит“ во предност

  • Жителите на Гренланд денеска гласаат за нов парламент

  • Жителите на Гренланд утре излегуваат на клучни избори

  • Премиер на Гренланд: Претседателот Трамп е непредвидлив

Десничарската опозициска партија Демократ, која се залага за постепен пристап кон независноста од Данска, постигна значителна предност по пребројувањето на мнозинството гласови на парламентарните избори што се одржаа вчера на Гренланд.

Жителите на Гренланд, територија што е дел од Данска, но ужива автономија, денеска гласаат за нов парламент.

Гренланѓани во вторник излегуваат на парламентарни избори, а во фокусот на изборната кампања беше можната независност на најголемиот остров на светот.

Американскиот претседател Доналд Трамп е непредвидлив, изјави премиерот на Гренланд Муте Егеде во интервју за данската телевизија DR, емитувано денеска, во пресрет на парламентарните избори во оваа автономна територија на Данска.

10 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 13:30 -> 11-Mar 16:32
.
.
.
.

(видео) Мицкоски: Ова не е само ден на сеќавање на страдањето на македонските Евреи, туку и ден на предупредување

  • Одбележани 82 години од депортирањето на штипските Евреи во логорот на смртта „Треблинка“

  • Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години од депортацијата на македонските Евреи, каде беше оддадена почит на една од најголемите трагедии во историјата на нашата земја.

Општина Штип и Еврејската заедница денеска им одадоа почит на 535 Евреи од Штип, кои беа убиени во логорот на смртта „Треблинка“.

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во рамки на одбележувањето 82 години сеќавање на холокаустот на македонските Евреи, денеска во Скопје, ја организираат централната комеморативна активност со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во скопскиот Монопол.

11 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 09:44 -> 11-Mar 12:43
.
.
.
.

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ има проблем со работниците кои со право бараат повисоки плати, не со синдикатот

  • (ВИДЕО) Филипче: Реформската агенда е закопана во место, ниту еден закон не е влезен во собраниска процедура

  • ВМРО-ДПМНЕ: За еднодневна екскурзија во Струмица СДС потроши над 100 илјади евра

Во моментов, ВМРО-ДПМНЕ се служи со секојдневни оцрнувања на прес конференции за да избега од одговорноста да ви овозможи вам работниците повисоки плати.

Реформската агенда е закопана во место и ништо не се помрднува, истакна прeтседателот на СДСМ и претседавач на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, на денешната седница на советот.

За да ја покријат својата аздисаност СДС бара теми таму каде што ги нема.

12 (11) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 11-Mar 21:54 -> 11-Mar 22:52
.
.
.
.

Капушевски во ,,Шутка”, Јахоски во куќен притвор

  • Притвор за 13 лица во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во попладневните часови, донесе решенија со кои: По прoизнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во попладневните часови, донесе решенија со кои: По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

29 (7) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 18:50 -> 11-Mar 20:23
.
.
.
.

Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

  • ДОГОВОРЕНА БРЗА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА Чешки компании ќе вложат милиони во енергетски проекти

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки и со директорот за нови енергетски технологии Јан Прашил.

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии, Јан Прашил.

99 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 16:51 -> 11-Mar 18:34
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

  • Димитриеска-Кочоска: Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029.

Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за 2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од јануари 2025 година тој е под 60% од БДП, односно 58,4% од БДП по успешно реализираната отплата на Еврообврзницата издадена во 2018 година.

118 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 14:00 -> 11-Mar 14:24
.
.
.
.

Бошков: Со дијалог можеме да постигнеме зголемени плати за сите работници

  • Бошков: Со дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите треба да се дојде до решение за минималната плата

За секој сектор во секоја дејност се надеваме дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата, порача претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес – конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација.

Претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес - конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација кажа дека се надева дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата.

209 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.