1 (6) ■ вести > македонија ■ 10-Mar 11:59 -> 10-Mar 12:30
.
.
.
.

Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на западен Балкан

  • Филков од Љубљана: Сега е моментот кога ЕУ мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја

Министерот за правда Игор Филков учествуваше на меѓународната конференција Кон ЕУ: Зајакнување на интегритетот и независноста на кривичната правда во западен Балкан, која се одржува во Љубљана.

Министерот за правда Игор Филков учествуваше на меѓународната конференција Кон ЕУ: Зајакнување на интегритетот и независноста на кривичната правда во западен Балкан, која се одржува во Љубљана . Во присуство на голем број министри за правда и високи претставници, министерот Филков посочи дека пред нас е важен период кога мораме да покажеме политичка волја, лидерство и посветеност за спроведување на сите овие реформи.

6 (6) ■ вести > свет ■ 10-Mar 11:22 -> 10-Mar 12:31
.
.
.
.

Рубио: САД официјално суспендираат 83 отсто од програмите на УСАИД

  • САД ЗАТВОРИЈА 83% ОД ПРОГРАМИТЕ НА УСАИД Со останатите 1.000 проекти ќе управува Стејт департментот

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска објави дека САД официјално затвораат 83 отсто од програмите на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД). „По шестнеделен увид, официјално прекинавме 83 отсто од програмите на УСАИД, 5.200-те договори кои сега се откажани, потрошиле десетици милијарди долари на начини што не користел, а во некои случаи дури и им наштетиле на основните национални интереси на САД“, објави Рубио на платформата X. Според него, по консултациите со Конгресот, останатите 18 проценти од програмите, што е приближно 1.000, ќе ги управува Стејт департментот „поради поефикасна администрација“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска објави дека САД официјално затвораат 83 отсто од програмите на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД). „По шестнеделен увид, официјално прекинавме 83 отсто од програмите на УСАИД.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

17 (4) ■ бизнис > македонија ■ 10-Mar 10:42 -> 10-Mar 11:42
.
.
.
.

Генералниот директор на ТАВ Македонија во Прага го презентираше туристичкиот потенцијал на Македонија и ја отвори темата за обновување на директната авиолинија Скопје-Прага

  • Ќе се обновува директната авиолинија Скопје – Прага?

На работилницата насловена „Туристичкиот потенцијал на Македонија“ што се одржа утринава, 10-ти март, во Прага, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, пред најистакнатите чешки туристички агенции и туроператори го презентираше туристичкиот потенцијал на Македонија и улогата на македонските аеродроми во туристичката индустрија.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт денеска во Прага, пред најистакнатите чешки туристички агенции и туроператори ги презентираше туристичкиот потенцијал на Македонија и улогата на македонските аеродроми во туристичката индустрија, но ја отвори и темата за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Прага.

21 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.

47 (21) ■ бизнис > економија > политика ■ 08-Mar 13:36 -> 08-Mar 16:36
.
.
.
.

СЕ СПРОВЕДУВА ЖЕСТОКА И РОБУСКА КОНТОРЛА НА ЦЕНИТЕ Мицкоски ги повика трговците да работат за граѓаните, да не плаќаат пресови кај опозицијата

  • Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто

  • Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

Контролата на цените на производите е робусна и жестока како никогаш досега, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за тоа дали владата ќе обезбеди контрола на цените.

Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4 и 4,5 отсто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и пчеларство, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за критиките од опозицијата.