Иран вечерва лансираше ракети кон Израел, потврди израелската војска, наредувајќи им на жителите низ целата земја да побараат засолниште.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.
На Израел му претстои мрачна ноќ, изјави висок ирански функционер за „Си-Ен-Ен“ додека двете земји денес разменуваат удари.
Израел го нападна Иран во четвртокот навечер, а иранските медиуми известија за експлозии во Техеран.