Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, Како што информирата од Влада со оваа мерка се овозможува и работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо.
Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули.