Сирени за воздушна тревога вечерва се огласија во Израел откако израелската војска објави дека Иран почнал голем ракетен напад.
Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.
Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.