1 (68) ■ вести > македонија > скопје > вмро-дпмне ■ 04-Jul 12:21 -> 06-Jul 20:31
.
.
.
.

„Ќе го воскреснам Скопје“ - Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

  • Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

  • Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот

  • СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Орце Ѓорѓиевски влегува во трката за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет тој да биде нивни кандидат на локалните избори за прв човек на главниот град.

Освен секојдневно фотографирање и лажен ПР, Орце Ѓорѓиевски нема ништо реализирано во Кисела Вода.

2 (93) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 04-Jul 09:44 -> 06-Jul 20:15
.
.
.
.

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети - целта беше отворање јавна дебата

  • ▷ Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети

  • СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите - Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

  • Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот. | 4NEWS.mk

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да поттикне јавна дебата.

Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Со шок и неверување СДСМ ја проследи намерата на Мицкоски да ги казнува дополнително граѓаните и да воведе данок на неженети и немажени.

Остро ја осудуваме изјавата на Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат”.

4 (20) ■ вести > македонија > хроника ■ 06-Jul 14:31 -> 06-Jul 19:02
.
.
.
.

📸 Хеликоптер на МВР веќе интервенира на пожарот кај патот за ГП Блаце

  • Пожар кај граничниот премин Блаце, се бара воздушна поддршка

  • Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“, сообраќајот се одвива наизменично

Хеликоптер на МВР веќе е активен и учествува во гаснењето на големиот пожар што попладнево изби од десната страна на патот Скопје – ГП Блаце, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). По пријавата на бројот за итни повици 112 за пожар на непристапен терен пред тунелот, ЦУК упати итно барање за воздухопловна поддршка до Министерството за внатрешни работи.

Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума.

Добивај вести на Viber Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е активиран во гаснење на пожарот што избувна покрај патот кон граничниот премин Блаце, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.- Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце - објави ЦУК споделувајќи фотографии и од директорот Мухамед Али кој од терен ја координира акцијата за справување со пожарот.

5 (21) ■ вести > свет > путин ■ 04-Jul 21:30 -> 06-Jul 20:30
.
.
.
.

Бразилскиот претседател го отвори самитот на БРИКС со повик за мир во Украина и „запирање на геноцидот во Газа“

  • Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

  • ПУТИН НА САМИТОТ НА БРИКС: Светот доживува радикални промени, униполарниот систем е минато

Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир, изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.

На Самитот ќе се разговара за: поефикасен систем на плаќање на БРИКС за зголемување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко управување со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање на политиката на финансирање на климата; поголема соработка во јавното здравство; глобална реформа на мултилатералниот мировен систем и за активностите за подобрување на институционалната структура и кохезија.

БРИКС добива сè повеќе истомисленици меѓу земјите од глобалниот Југ и Исток, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи преку видео врска на самитот на БРИКС што се одржува во Рио де Жанеиро.

7 (7) ■ вести > македонија ■ 05-Jul 10:00 -> 06-Jul 20:30
.
.
.
.

Потресен апел од Кочани: Ивона не беше само жртва на пожарот - таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè“

  • Пејачката Ивона Јо постоперативно стигна да позира и во бикини, а резултатите се вакви

Семејството на 21-годишната Ивона Антова, една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати потресен јавен апел на социјалните мрежи, обвинувајќи дека нивната ќерка не загинала веднаш од пожарот, туку била оставена беспомошна и без медицинска грижа во најтешките мигови.

Храбрите одлуки за голема промена и донесоа комплетно нова енергија на младата поп пејачка Ивона Јо. Таа пред неколку месеци направи липосукција и отстранување на вишокот кај подбрадокот, за сега постоператвно да биде толку задоволна и самоуверена за да позира во бикини рекламигирејќи ги истите за еден познат бренд.

8 (36) ■ вести > свет > израел > војна ■ 04-Jul 08:30 -> 06-Jul 19:15
.
.
.
.

Нетанјаху во посета на САД за нови разговори за примирје во Газа

  • Хамас дава позитивен одговор на предлогот на Трамп: Светот е еден чекор поблиску до завршување на крвавата војна во Газа

  • Израел го разгледува одговорот на Хамас за примирје, во меѓувреме уште најмалку 40 убиени во Појасот Газа

  • Најмалку 33 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, замина за САД, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп поради нов обид за постигнување прекин на огнот во Газа.

Палестинското движење Хамас соопшти дека доставило „позитивен одговор“ до регионалните и меѓународните посредници за најновиот предлог за прекин на огнот во Газа, отворајќи ја можноста за продолжување на преговорите со Израел со цел завршување на долгата војна.„Движењето достави позитивен одговор до медијаторите и е целосно подготвено веднаш да влезе во нова рунда преговори за механизмите за спроведување на предложената рамка“, се вели во соопштението на Хамас објавено на Телеграм.

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе.

Дваесет луѓе загинаа, а 25 се повредени при напад врз две куќи во градот Газа.

12 (29) ■ вести > свет > сад ■ 05-Jul 19:42 -> 06-Jul 20:15
.
.
.
.

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

  • 📷 МИЛИЈАРДЕРОТ ФОРМИРАШЕ „АМЕРИКАНСКА ПАРТИЈА“ Маск објави дека ќе ја врати слободата во САД

  • Парите не можат да купат сè: Дали Американската партија на Маск е осудена на неуспех?

Илон Маск вели дека основа нова политичка партија, неколку недели откако драматично се скара со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Би-си-си. Милијардерот објави на својата платформа за социјални медиуми X дека ја основал Американската партија, претставувајќи ја како предизвик за републиканскиот и демократскиот двопартиски систем.

Откако најавуваше формирање на нова политичка партија во САД, милијардерот Илон Маск кој до неодамна беше шеф на Одделот за ефикасност во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, објави дека ја формирал „Американска партија“.

Милијардерот Илон Маск официјално основаше нова политичка партија во Соединетите Американски Држави, нарекувајќи ја Американска партија.

Повеќе од
оваа категорија

13 (32) ■ спорт > фудбал > германија ■ 05-Jul 17:10 -> 06-Jul 18:42
.
.
.
.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нојер бесен на Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусијала, не се извини сè додека не го натерав да го стори тоа

  • Донарума го налутил Нојер: Такви работи не смеат да се случуваат!

  • Во Баерн бесни на Донарума за повредата на Мусиала: Требаше да размисли пред да тргне…

  • Ноер го обвинува Донарума за ужасната повреда на Мусијала: Тој беше спремен да го преземе тој ризик

Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го победи Баерн со резултат од 2:0, а натпреварот беше обележан со сериозна повреда на Џамал ​​Мусијала.

Пари Сен Жермен го совлада Баерн Минхен и избори полуфинале на Светското клупско првенство, но триумфот на „светците“ го засени сериозната повреда на младиот Џамал Мусиала.

Баерн Минхен го загуби четвртфиналниот дуел од клупскиот мундијал од ПСЖ, но многу потешко од поразот на баварците им падна тешката повреда на Џамал Мусиала.

ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство.

20 (95) ■ спорт > фудбал > португалија ■ 04-Jul 02:28 -> 06-Jul 15:00
.
.
.
.

Сестрата на Роналдо го брани Португалецот: Ужасно е срамно ова што се случува!

  • Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

  • Зошто Роналдо не беше на погребот на Жота?

  • Погребан Диого Жота, бројни соиграчи на последното збогување

Кристијано Роналдо одлучи да не присуствува на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, со цел да се избегне дополнителен медиумски притисок врз семејството и најблиските, меѓутоа поради таа одлука доби и критики.

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.

Фудбалерот Кристијано Роналдо не беше присутен на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а неговото отсуство беше предмет на многу коментари.

Фото: Facebook / Seleções de Portugal Фудбалери на Ливерпул и на португалската репрезентација се собраа денеска во португалското гратче Гондомар на погребот на нивниот соиграч Диого Жота, кој загина заедно со својот помлад брат Андре Силва во сообраќајна несреќа во Шпанија во четвртокот.

Повеќе од
оваа категорија

387 (4) ■ бизнис > берза ■ 04-Jul 11:57 -> 04-Jul 17:17
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

  • ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА Е 105,75 ЕВРА На македонската берза е 98,92 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 73,67 евра за мегават час, а на MEMO 41,16 евра. фото: ЕДС Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 37,90 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 33,66 евра.

54 (2) ■ магазин > рецепти ■ 06-Jul 17:45 -> 06-Jul 18:57
.
.
.
.

▷ Древниот рецепт за ЧОКОЛАДНА ТОРАТ од тенџере е познат по својата ЕДНОСТАВНА подготовка - без филување, брза и лесна за правење, а уште побрза и полесна за јадење

  • Древниот рецепт за ЧОКОЛАДНА ТОРАТ од тенџере е познат по својата ЕДНОСТАВНА подготовка - без филување, брза и лесна за правење, а уште побрза и полесна за јадење - popara.mk

Ако сакате да го доживеете вистинскиот, старински вкус на чоколадото во најдобро издание, овој рецепт е направен за вас.СостојкиКора2 јајца10 лажици шеќер1 ванилин шеќер10 лажици вода12 лажици брашно1 лажица какаоПоловина прашок за пецивоСе печат две кори, кои се сечат на половина за да се добијат вкупно 4 кори.Фил1 литар млеко200 г шеќер200 г чоколадо за готвење250 г маргарин250 г мелени оревиГлазура:120 г млечно чоколадо80 мл шлагПодготовка: Пронајдете не на следниве мрежи:.

Ако сакате да го доживеете вистинскиот, старински вкус на чоколадото во најдобро издание, овој рецепт е направен за вас.

21 (19) ■ сцена > музика ■ 05-Jul 12:45 -> 06-Jul 17:50
.
.
.
.

(Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани

  • (ВИДЕО+ФОТО) ФИНАЛЕ НА ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД

(Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани од Еспресо09:50 - 6 јули, 202508:41 - 6 јули, 2025 Младиот Никола Станишиќ од Скопје е победник на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

(ВИДЕО+ФОТО) ФИНАЛЕ НА ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД – Никола Станишиќ: „Се’ оди од почеток“ Актуелно, музика, Сцена Вечерва, поради нередите во Белград, повторно ќе се одржи финалето на „Ѕвездите на Гранд“…Нашиот финалист, Никола Станишиќ редовно известува за сите случувања особено затоа што минатата сабота се одржа првиот круг на гласање… Никола вели:„Се оди од почеток, гласовите од минатата недела остануваат, но не може да се гласа од странство“.

77 (5) ■ сцена > занимливости ■ 04-Jul 15:45 -> 06-Jul 15:50
.
.
.
.

Ја оставил 54 години помладата жена дома, за да се бакнува со некоја уште помлада? Ал Пачино (85) фатен како разменува нежности со новинарка, никој не го очекуваше ова? - popara.mk

  • 85-годишниот актер виден како бакнува девојка од 28 години: И никој веќе не го смета тоа за ненормално

Трикот за длабинско чистење на теписи Холивудскиот актер Ал Пачино (85), откако раскина со 31-годишната Нур Алфалах, беше виден на приватна вечера во Рим во друштво на 28-годишната новинарка Катерина Ди Терлици.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм Папараците го уловиле актерот Ал Пачино на интимна вечера со новинарката Катарина која е 57 години помлада од него Славниот холивудски актер Ал Пачино бил виден во друштво на 57 години помладата новинарка Катарина ди Терлици, со која бил на интимна вечера.

362 (5) ■ сцена > култура ■ 04-Jul 08:45 -> 05-Jul 10:05
.
.
.
.

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Регенерација“

  • „Регенерација“ - изложба на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска во КИЦ Белград

Во Културно-информативниот центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Регенерација“ на која се претставија три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска со обединувачки мотив – рефлексии врз уметникот во годините на пандемијата со Ковид-19. Нивната заедничка ликовна концепција упатува јасно предупредување и порака „да не се предаваме на културата на заборавање, но и во сопствените регенерации низ сите животни процеси и предизвици, да ги имаме културата и уметноста како свои упоришта и сигурни прибежишта“.

Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде домаќин на изложбата „Регенерација“ на која ќе се претстават три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.