1 (12) ■ вести > македонија ■ 16-Jan 21:33 -> 16-Jan 22:22
.
.

Постои ли опрема за прислушување? Одговара Тошковски

  • Тошковски открива дали МВР има информации каде е Груби

Има ли Министерството за внатрешни работи информации дека постои уште опрема за прислушување, бидејќи старата беше уништена?

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 открива дали МВР има информации за тоа каде е екс вицепремиерот и бегалец Артан Груби.

2 (120) ■ вести > свет ■ 14-Jan 09:48 -> 16-Jan 21:00
.
.
.
.

Израелската влада го одложи гласањето за прекин на огнот, над 80 загинати во Газа

  • Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот в Појасот Газа

  • Катарскиот премиер очекува договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас да стапи на сила в недела

  • Последниот претседателски говор на Џо Бајден – во САД се создава опасна олигархија која е закана за демократијата и слободата

Портпаролот на израелската Влада денеска изјави дека владата нема да се состане додека палестинското движење Хамас не ги прифати условите од договорот за прекин на огнот.

Палестинската милитантна група Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на десетици заложници, изјавија двајца неименувани претставници вклучени во преговорите во Доха.

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека посредниците очекуваат договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас да стапи на сила в недела, 19 јануари.

Џо Бајден, претседател на САД во заминување, во проштално обраќање синоќа од својот кабинет во Белата куќа предупреди дека во Америка се формира „опасна“ олигархија која е закана за демократијата и слободниот свет.

5 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Jan 14:30 -> 16-Jan 19:39
.
.
.
.

Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец

  • Стојчевска до Филков: Ќе се повлечете ли од Судскиот совет, така да почнат реформите?

Министерот за правда Игор Филков одговорајќи на пратеничко прашање од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет порача дека двајцата нови членови на Судскиот совет не се избрани од извршната власт, туку од самите судии и дека станува збор за лица кои имаат долгогодишно искуство во својата област.

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за правда Игор Филков, кое се однесува на реформите во судството, како суштински за демократијата и владеењето на правото, но за жал, изминатите 7 месеци гледаме оддалечување од овие принципи, а партизацијата добива ендемски размери.

6 (64) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 07:18 -> 16-Jan 19:52
.
.
.
.

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути

  • По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане на таа функција

  • Илире Даути поднесе оставка, побара на пленарна седница да ја образложи

  • Илире Даути се скара со Гаши и со Мицевски – „Барам да ја образложам оставката, не можеш да ме држиш со сила, срам да ви е“

Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, откако денеска таа побара во рамки на 30. седница да ја образложи својата неотповиклива оставка по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок.

Неизвесно е дали Илире Даути ќе остане или ќе биде сменета од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади откако во петокот помина нејзината интерпелација поднесена од Левица.

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“ на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница додека траеше 30. пленарна седница, побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.

Кавга во Собранието меѓу Илире Даути со претседателот на Собранието Африм Гаши и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

8 (57) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Jan 08:33 -> 16-Jan 15:37
.
.
.
.

Деаноски: Ако Владата сакаше дијалог, досега ќе бевме седнати на маса и немаше да бидеме на улица

  • Протест на вработени во јавна администрација, најавени протести и за следните денови

  • Деаноски: Секој обид од Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден

  • УПОЗ: Сегашната опозиција да не се лепи на протестите, бидејќи имаа 7 години да го решат проблемот

Владата наместо да пишува соопштенија и да негира се што ќе кажеме ние, а не е воопшто во право, треба да најде начин како да го реши овој проблем.

Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата.

Секој обид од страна на Владата или политичките партии, да докажат дека има политика во протестите или работата на Синдикатот, ќе им биде залуден, нагласи попладнево на пред Министерството за култура, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Од Синдикатот на УПОЗ ѝ порачаа на Владата дека залудни се обидите да докажат дека има политика во протестите.

14 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Jan 13:07 -> 16-Jan 14:47
.
.
.
.

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ

  • МИЦКОСКИ: И Апелација докажа дека СДСМ е клеветничка, а пресудата е јасна, да ја објави на свој трошок и да се извини за лагите

И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил, откако Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за нанесување штета на угледот и честа со невистинити содржини преку социјалните мрежи.

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за нанесување штета на угледот и честа со невистинити содржини преку социјалните мрежи.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

267 (4) ■ сцена > култура ■ 14-Jan 10:24 -> 15-Jan 10:05
.
.
.
.

Виктор Митревски диригираше во новата постановка на „ Така прават сите“ во Операта од Малме

  • Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Почитувани, Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме, Шведска во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт – „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Претставата доживеа голем успех на сцената на операта во Малме, беше поздравена со овации од публиката и позитивни критички осврти во шведските медиуми.

Македонскиот диригент Виктор Митревски на 8 и 10 јануари настапи како гостин диригент во Операта во Малме во Шведска, во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт „Така прават сите“ („Cosi fan tutte“). Оваа поставка на „Така прават сите“ носи поднаслов „Училиште за љубовници“ и претставува модерна интерпретација на Моцартовото ремек-дело.