Во текот на сведочењето Велибор Манев, обвинет за убиство на Вања и Панче, денеска пред Судот изјави дека претрпел тортура при испитувањето од службените лица.
По 150.000 евра од Љупчо Палевски Палчо требало да добијат Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боро Видевски, според првичниот план кој го имале, односно за грабнување на 40-годишна жена.
Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште раскажа во детали како Љупчо Палевски - Палчо ја убил Вања Горческа,откако претходно изнесе и детали за тоа како бил егзекутиран . Според Манев, првично требало да биде киднапирана возрасна жена за да се изнудат пари, но по грешка, како што рече, била грабната Вања, а Палевски ја егзекутирал откако видел дека работите не тргнале како што треба.
Обвинителството го презентираше првиот исказ што го дал второобвинетиот Велибор Манев за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на 3 декмеври 2023 година.