Македонскиот голман Столе Димитриевски му направи голем проблем на Реал на вечерашниот заостанат натпревар од Ла Лига.
Во одложениот натпревар од 12. коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид на „Местаља“ ја победи Валенсија со 2:1 пред 46.420 гледачи/ Натпреварот меѓу „Лилјаците“ и „Кралскиот клуб“ требаше да се одигра на 2-ри ноември, но беше одложен поради катастрофалните поплави и врнежите што ја зафатија југоисточна Шпанија, при што загинаа најмалку 51 лице.