Има ли во исхраната во Македонија брашно од ларви, скакулци и други инсекти? Одговара првиот човек на АХВ

  • Храна се чува во несоодветни услови, вели Миланов

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, денеска во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 одговори на прашањата за одобрение на употреба на инсекти во исхраната.

Храна се чува во несоодветни услови, предупреди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.

6 (39) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Apr 19:33 -> 16-Apr 16:48
.
.
.
.

ДАЛИ МВР МУ СЕ НАЛУТИ НА КОЦЕВСКИ? - „Зошто обелоденил дека ќе се апсат полицајци додека акцијата се уште траела

  • Истрагата за Кочани се проширува, издадена наредба за приведување на седум полицајци

  • Коцевски: Министрите за економија издавале лиценци на дискотеката „Пулс“ врз основа на непотполна документација

  • МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

по налог на Основното јавно обвинителство, спровело акција за апсење на овие седуммина полицајци, кои се осомничени дека се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во вчерашното гостување на емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ кажа дека е издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загина 61 лице, а над 100 беа повредени.

Тимот на јавни обвинители којшто ја води истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги прибавил сите издадени лиценци за работа на објектот од 2012 година сѐ до денот на кривично-правниот настан и според увидот во предметите немало ниту една со целосна документација, посочи вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници.

7 (54) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Apr 13:10 -> 16-Apr 19:57
.
.
.
.

Таравари за можно спојување со Села: Вратите на Алијанса за Албанците се отворени, кој сака нека повели

  • Левица: Затворена кардиохирургија без да обезбеди алтернатива – оставка на Таравари!

  • Не преговараме со ДУИ, има две опции за изборите, едната е со Влен, втората е да настапиме само, вели Таравари

  • Лидерите од коалицијата „Влен“ денес ќе ја разгледаат одлуката на Алијанса за Албанците

Лидерот на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вели дека неговото крило е отворено за соработка и додаде дека кој сака е добредојден да им се придружи.

Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност и оставка на министерот Таравари.

Министерот за здравство и лидер на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска изјави дека не е точно дека преговараат со ДУИ и дека како политички субјект на претстојните локални избори имаат две опции – едната е да продолжат во рамки на коалицијата Влен, а другата е да излезат од коалицијата и да настапат сами.

Лидерите од коалицијата „Влен“ денеска во 14 часот ќе одржат седница во Скопје по вчерашната одлука на Алијанса на Албанците да одат на сопствени листи за советници на претстојните локални избори, а да не излегуваат од коалицијата.

10 (63) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Apr 09:17 -> 16-Apr 13:55
.
.
.
.

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

  • СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани

  • СДСМ: Морален пораз за Тошковски е советничка од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани да поднесе оставка

  • Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани.

Паничните објави на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Реакцијата на СДСМ доаѓа откако денеска министерот Тошковски на својот фејсбук-профил објави статус во кој вели „СДСМ не треба да зборува за селективност и неправда бидејќи за време на седумгодишниот мандат на оваа партија се случија три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе“.

СДСМ утрово соопшти дека очекувале оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најмалку од морални причини, по трагедијата во Кочани.

Министерот за внатрешни раобти Панче тошковски во подолго обраќање на социјалните мрежи ги обвини опозициските партии СДСМ, ДУИ и Левица дека координирано го напаѓаат поради неговата борба со корпцијата.

11 (47) ■ вести > свет > политика ■ 14-Apr 07:24 -> 16-Apr 23:25
.
.
.
.

Јужна Кореја и Виетнам се договорија за поблиска соработка заради царините на Трамп

  • Си: Нема победници во трговската војна

  • Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина

  • Трамп ќе почне истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД

Јужна Кореја и Виетнам изјавија дека се договориле за тесна соработка, по објавувањето на американските тарифи, кои претставуваат сериозен проблем и за економиите и за фирмите како „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) со значајни вложувања во Виетнам.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започна еднонеделната турнеја низ Југоисточна Азија во Виетнам, истакнувајќи ја посветеноста на Пекинг на глобалната трговија, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп ја разбранува глобалната економија со своите најнови тарифи.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди ревизија на потенцијалните нови царини за сите американски увозни клучни минерали, наведувајќи го „преголемото потпирање“ на Вашингтон на Кина за преработените верзии на минералите.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе започне трговска истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД.

12 (83) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Apr 07:00 -> 16-Apr 16:17
.
.
.
.

За да се утврди вистината предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага или да се одреди реконструкција, вели бранителот на еден од обвинетите

  • Со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

  • Палевски: Ниту сум монструм, ниту убиец, јас сум под линч од портали контролирани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а киднапиран од Кривичниот суд

  • Одложено рочиштето на кое Палевски требаше да продолжи со давање исказ

Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Љупчо Палевски – Палчо сведочи за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Рочиштето на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо денеска требаше да продолжи со сведочењето се одложи.

14 (10) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Apr 15:49 -> 16-Apr 18:02
.
.
.
.

СУДОТ ОДРЕДИ КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ШЕСТТЕ ПОЛИЦАЈЦИ По седмиот трага полицијата, сите се сомничат за пожарот во „Пулс“

  • Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка

Шест полициски службеници ќе бидат во куќен притвор, одлучи судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, откако попладнево беа спроведени во судот и се произнесоа по предлогот на Јавното обвинителство за определување мерки на претпазливост.

Вкупно шест од седум полициски службеници осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани, за кои денеска Обвинителство побара мерки за претпазливост се спроведени во Основниот кривичен суд Скопје.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

52 (4) ■ бизнис > македонија ■ 16-Apr 15:07 -> 16-Apr 20:11
.
.
.

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза

  • Помош за настраданите во Кочани од Македонската, Централниот депозитар и Загребската берза

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец.

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза ќе пружат финансиска помош во вредност од 25.000 евра на новооснованата фондација на Македонската банкарска асоцијација, именувана „Заедно за едно”.

98 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Apr 11:51 -> 16-Apr 13:57
.
.
.
.

Стратегијата за минерални суровини во финална фаза, рокот за забелешки е до 1 мај

  • По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната срединакако и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.

202 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 15-Apr 10:48 -> 15-Apr 15:27
.
.
.
.

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

  • КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

221 (4) ■ бизнис > македонија ■ 15-Apr 15:19 -> 16-Apr 11:06
.
.
.

„Алказар енерџи“ и ИФЦ потпишале договор за развој на ветерниот парк Штип

  • Alcazar Energy Partners и IFC ја прошируваат соработката за развој на ветерниот парк Штип во Македонија

„Алказар енерџи партнерс“ (AlcazarEnergyPartners – АЕП), соопшти дека потпишале договор со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка за пристап до средства за развојна поддршка за фаза еден од ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Северна Македонија.

Alcazar Energy Partners („AEP“), водечки независен менаџмент на инфраструктурни фондови фокусиран на развој, финансирање, изградба и работа на проекти за обновлива енергија од комунален размер на растечки пазари, потпиша договор за поддршка на развој со Меѓународната финансиска корпорација („IFC“), членка на Групацијата Светска банка.