1 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Apr 19:31 -> 16-Apr 21:38
.
.
.
.

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

  • (во живо)Муртезани негира дека Таравари си заминал од Вреди поради поделбата на „фотелји“, вели, најверојатно се договорил со Ахмети за заеднички настап на локалните избори

Орхан Муртезани, министер за европски прашања и претставник на коалицијата Вреди вечерва изјави дека Арбен Таравари од Алијансата на Албанците кокетирал со ДУИ.

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, кој е гостин во вечерашната Топ Тема на Телма вели дека Таравари не си заминал од коалиција Вреди поради поделбата на „фотелји“, туку најверојатно се договорил со Ахмети за заеднички настап на локалните избори.

2 (39) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Apr 19:33 -> 16-Apr 16:48
.
.
.
.

ДАЛИ МВР МУ СЕ НАЛУТИ НА КОЦЕВСКИ? - „Зошто обелоденил дека ќе се апсат полицајци додека акцијата се уште траела

  • Истрагата за Кочани се проширува, издадена наредба за приведување на седум полицајци

  • Коцевски: Министрите за економија издавале лиценци на дискотеката „Пулс“ врз основа на непотполна документација

  • МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

по налог на Основното јавно обвинителство, спровело акција за апсење на овие седуммина полицајци, кои се осомничени дека се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во вчерашното гостување на емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ кажа дека е издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загина 61 лице, а над 100 беа повредени.

Тимот на јавни обвинители којшто ја води истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги прибавил сите издадени лиценци за работа на објектот од 2012 година сѐ до денот на кривично-правниот настан и според увидот во предметите немало ниту една со целосна документација, посочи вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници.

4 (54) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Apr 13:10 -> 16-Apr 19:57
.
.
.
.

Таравари: Бев загрижен што не ме поканија на денешната средба на ВЛЕН

  • Таравари- Алијанса на Албанците дефинитивно на локални оди сама со свои кандидати

  • Лидерите од коалицијата „Влен“ денес ќе ја разгледаат одлуката на Алијанса за Албанците

  • Левица: Затворена кардиохирургија без да обезбеди алтернатива – оставка на Таравари!

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во емисијата „Дијалог те Лајм’и“ ја коментираше денешната средба на лидерите на коалицијата ВЛЕН, по синоќешната одлука на Алијансата за Албанците да конкурира со посебни листи за општински советници на локалните избори.

Лидерот на АА Арбен Таравари вечерва по состанокот на Централното председателство и раководствата на сите ограноци на партијата донеле одлука дека предлогот на другите лидери од Влен кандидатите за градоначалници да ги изберат и поделат самите лидери а не како што предлагала АА изборот да биде од сондажи односно анкети на граѓаните.

Лидерите од коалицијата „Влен“ денеска во 14 часот ќе одржат седница во Скопје по вчерашната одлука на Алијанса на Албанците да одат на сопствени листи за советници на претстојните локални избори, а да не излегуваат од коалицијата.

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност и оставка на министерот Таравари.

7 (10) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Apr 15:49 -> 16-Apr 18:02
.
.
.
.

СУДОТ ОДРЕДИ КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ШЕСТТЕ ПОЛИЦАЈЦИ По седмиот трага полицијата, сите се сомничат за пожарот во „Пулс“

  • Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка

Шест полициски службеници ќе бидат во куќен притвор, одлучи судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, откако попладнево беа спроведени во судот и се произнесоа по предлогот на Јавното обвинителство за определување мерки на претпазливост.

Вкупно шест од седум полициски службеници осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани, за кои денеска Обвинителство побара мерки за претпазливост се спроведени во Основниот кривичен суд Скопје.

9 (63) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Apr 09:17 -> 16-Apr 13:55
.
.
.
.

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

  • СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани

  • СДСМ: Морален пораз за Тошковски е советничка од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани да поднесе оставка

  • Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани.

Паничните објави на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Реакцијата на СДСМ доаѓа откако денеска министерот Тошковски на својот фејсбук-профил објави статус во кој вели „СДСМ не треба да зборува за селективност и неправда бидејќи за време на седумгодишниот мандат на оваа партија се случија три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе“.

СДСМ утрово соопшти дека очекувале оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најмалку од морални причини, по трагедијата во Кочани.

Министерот за внатрешни раобти Панче тошковски во подолго обраќање на социјалните мрежи ги обвини опозициските партии СДСМ, ДУИ и Левица дека координирано го напаѓаат поради неговата борба со корпцијата.

12 (83) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Apr 07:00 -> 16-Apr 16:17
.
.
.
.

Адвокатот на Боре Видески: Или реконструкција или враќање на предметот на Вања и Панче во истрага

  • Со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

  • Палевски: Не се чувствувам ниту како монструм, ниту како убиец

  • За да се утврди вистината предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага или да се одреди реконструкција, вели бранителот на еден од обвинетите

Адвокатот на Боре Видески, Боре Манев, смета дека откако ќе завршат исказите на сите обвинети неопходно ќе биде да се направи реконстукција на целиот настан.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

32 (4) ■ бизнис > македонија ■ 16-Apr 15:07 -> 16-Apr 20:11
.
.
.

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза

  • Помош за настраданите во Кочани од Македонската, Централниот депозитар и Загребската берза

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец.

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза ќе пружат финансиска помош во вредност од 25.000 евра на новооснованата фондација на Македонската банкарска асоцијација, именувана „Заедно за едно”.

86 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Apr 11:51 -> 16-Apr 13:57
.
.
.
.

Стратегијата за минерални суровини во финална фаза, рокот за забелешки е до 1 мај

  • По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната срединакако и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.

193 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 15-Apr 10:48 -> 15-Apr 15:27
.
.
.
.

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

  • КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

208 (4) ■ бизнис > македонија ■ 15-Apr 15:19 -> 16-Apr 11:06
.
.
.

„Алказар енерџи“ и ИФЦ потпишале договор за развој на ветерниот парк Штип

  • Alcazar Energy Partners и IFC ја прошируваат соработката за развој на ветерниот парк Штип во Македонија

„Алказар енерџи партнерс“ (AlcazarEnergyPartners – АЕП), соопшти дека потпишале договор со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка за пристап до средства за развојна поддршка за фаза еден од ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Северна Македонија.

Alcazar Energy Partners („AEP“), водечки независен менаџмент на инфраструктурни фондови фокусиран на развој, финансирање, изградба и работа на проекти за обновлива енергија од комунален размер на растечки пазари, потпиша договор за поддршка на развој со Меѓународната финансиска корпорација („IFC“), членка на Групацијата Светска банка.