1 (30) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 07:00 -> 12-Mar 11:57
.
.
.
.

Манев: Палевски му испука куршум во слепочницата на Панче

  • Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, со сведочење на Велибор Манев

  • Се влоши состојбата на таткото на Вања додека Манев сведочеше дека требало да се грабне жена на 40 години, а не Вања

  • „ПАЛЕВСКИ ВЛЕТА НАЕДНАШ И ИСПУКА КУРШУМ ВО СЛЕПООЧНИЦАТА НА ЖЕЖОВСКИ“ Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се наплатат пари

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар не можејќи да го слуша сведочењето на Велибор Манев за грабнувањето на Вања, заплаче во судница, па судењето беше прекинато.

Второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Велибор Манев денеска во судот рече дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањето на Жежовски и дека го убил пукајќи му во слепоочница.

2 (5) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 11:30 -> 12-Mar 11:55
.
.
.

УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б

  • УЈП со важно известување

Управата за јавни приходи денеска ги информираше вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Закон за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на Годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и Биланс на приходи и расходи (образец„Б“). – Даночниот период за кои се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година.

Управата за јавни приходи денеска ги информираше вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат со земјоделска, со занаетчиска дејност и лицата кои вршат услуги или слободно занимање, кои остваруваат доход од вршење на дејност утврдена согласно член 19 од Закон за данок на личен доход, дека се наближува крајниот рок за поднесување на Годишен даночен биланс (образец „ДЛД-ДБ“) и Биланс на приходи и расходи (образец„Б“). - Даночниот период за кои се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година.

3 (4) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 11:45 -> 12-Mar 11:58
.
.
.
.

ШТО ЧЕКА ЉУПЧО КОЦЕВСКИ? До Советот на јавни обвинители сѐ уште не е пристигнато произнесувањето на републичкиот јавен обвинител

  • Димитриеска: Коцевски уште не се произнел за предлогот на Владата за негово разрешување

До Советот на јавни обвинители сѐ уште не е пристигнато произнесувањето на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во однос на предлогот на Владата за негово разрешување што е препратен до него, информира претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска.

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска вели дека до Советот на јавни обвинители се уште не е пристигнато произнесувањето на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во однос на предлогот на Владата за негово разрешување што е препратен до него.

4 (24) ■ вести > балкан > регион ■ 10-Mar 12:06 -> 12-Mar 10:23
.
.
.
.

ИЗДАДЕН НАЛОГ ЗА АСПЕЊЕ НА ДОДИК Како ќе одговори судската полиција на Република Српска?

  • Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок

  • Руте: Кризата во БиХ мора да се смири, НАТО нема да дозволи мирот да биде загрозен

Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, јави РТРС повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска.

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска се очекува да се јави во Обвинителството на БиХ како осомничен за напад на уставниот поредок на државата, откако потпиша указ со кој се прогласуваат закони за забрана на работата на Судот и Обвинителството на БиХ, како и на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ на територијата на РС. Освен него, осомничени се и премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него.

5 (4) ■ вести > македонија ■ 10-Mar 16:53 -> 12-Mar 11:51
.
.
.
.

Пратеничката на „Влен“, Имрлије Сали-Фетаи ќе претседава со Комисијата за социјална политика

  • Илјас : Доставив писмо до Гаши дека не прифаќам да заседавам со Комисијата за социјална политика, направена е неправда кон Даути

Пратеничката на „Влен“, Имрлије Сали-Фетаи ќе претседава со денешната седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, на чиј дневен ред има само една точка - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, потврдија за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши го назначи пратеникот на „Европскиот фронт“ Бејџан Илјас да ја води собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади откако оваа Комисија остана без претседател по оставката на Илире Даути.

7 (10) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 10:03 -> 12-Mar 11:30
.
.
.
.

Лани пријавени четири напади од пациент или член на потесното семејство врз здравствени работници

  • ЛАНИ ИМАЛО 4 НАПАДИ ВРЗ ЛЕКАРИ Напаѓачите биле пациенти или членови на потесното семејство

На 12 март – Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници, Лекарската комора како и докторските комори ширум Европа, повикуваат на итна акција за справување со насилство со што се соочуваат здравствените професионалци и е присутно во здравствените установи, се наведува во денешното соопштение на Комората.

На 12 март – Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници, Лекарската комора како и докторските комори ширум Европа, повикуваат на итна акција за справување со насилството со кое се соочуваат здравствените професионалци и кое е присутно во здравствените установи.

10 (6) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 10:10 -> 12-Mar 11:36
.
.
.
.

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот АДА во Баку: Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето

  • Претседателката Сиљановска-Давкова одржа предавање на Универзитетот АДА во Баку

Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето предавање вчера попладне пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку, за време на нејзината официјална посета на Република Азербејџан.

Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето предавање вчера попладне пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку, за време на нејзината официјална посета на Република Азербејџан.

13 (5) ■ вести > свет > регион ■ 12-Mar 09:47 -> 12-Mar 11:33
.
.
.
.

Шведски бизнисмен и политичар, сосопственик на „Пајрат беј“ загина во авионска несреќа во Словенија

  • ПИЛОТОТ КОЈ ЗАГИНА ВО СЛОВЕНИЈА Е КОСOПСТВЕНИК НА ПОЗНАТИОТ PIRATE BAY Лундстром е познат шведски националистички политичар

Карл Лундстром, 64-годишен шведски бизнисмен и политичар, познат како сосопственик на светски познатата пиратска веб-страница The Pirate Bay, загина во авионска несреќа во Словенија.

Пилотот кој во понеделникот загина во авионска несреќа во областа Велика Планина во Словенија е Карл Лундстром (64), шведски претприемач, поранешен политичар и косопственик на светски познатата пиратскa веб-страница „The Pirate Bay“, пренесува . Неговата смрт ја потврди и шведската крајнодесничарска партија Алтернатива за Шведска, чиј член беше од основањето на партијата во 2018 година, објавија шведските медиуми.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

57 (7) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 18:50 -> 11-Mar 20:23
.
.
.
.

Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

  • ДОГОВОРЕНА БРЗА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА Чешки компании ќе вложат милиони во енергетски проекти

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки и со директорот за нови енергетски технологии Јан Прашил.

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии, Јан Прашил.

127 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 16:51 -> 11-Mar 18:34
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

  • Димитриеска-Кочоска: Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029.

Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за 2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од јануари 2025 година тој е под 60% од БДП, односно 58,4% од БДП по успешно реализираната отплата на Еврообврзницата издадена во 2018 година.

148 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 14:00 -> 11-Mar 14:24
.
.
.
.

Бошков: Со дијалог можеме да постигнеме зголемени плати за сите работници

  • Бошков: Со дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите треба да се дојде до решение за минималната плата

За секој сектор во секоја дејност се надеваме дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата, порача претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес – конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација.

Претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес - конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација кажа дека се надева дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата.

236 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.