Потоа, Трамп треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за тоа биле информирани европските лидери кои учествувале во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски.
Намалувањето на цените на енергијата може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Cи-ен-би-си. – Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе.
Американскиот пратеник Стив Виткоф денеска пристигна во Москва на мисија во која ќе се обиде во последен момент да изврши притисок за запирање на војната во Украина, два дена пред истекот на рокот што претседателот Доналд Трамп ѝ го постави на Русија да се согласи на мир или да се соочи со нови санкции.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно нема да се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа, иако би сакал.