Министерот за одбрана на Израел и нареди на војската да подготви план со кој ќе им се овозможи на жителите на Газа „доброволно да си заминат“, објавија израелските медиуми, откако американскиот претседател Доналд Трамп привлече меѓународна осуда за неговиот план да го преземе Појасот Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нема ништо лошо во идејата на Доналд Трамп за иселување на Палестинците од Појасот Газа, откако предлогот на американскиот претседател предизвика меѓународна критика.
Според американскиот државен секретар Марко Рубио претседателот на САД, Доналд Трамп предложил само привремено заминување на Палестинците од Газа, додека Појасот не биде расчистен и обновен, а не преземање на територијата од страна на Соединетите Американски Држави.
Се чини дека американскиот државен секретар Марко Рубио го поддржа планот на претседателот Доналд Трамп да ја преземе американската контрола врз Газа, велејќи дека палестинската енклава мора да биде ослободена од исламистичката група Хамас.