1 (5) ■ вести > свет ■ 15-Apr 21:23 -> 15-Apr 22:15
.
.
.
.

Тексас: Пукање во средно училиште во Далас, најмалку тројца мртви

  • Пукотница во средно училиште во Далас, учениците се заклучени во училници (ВИДЕО)

Најмалку три лица се убиени во вторникот во пукање во средното училиште Вилмер-Хачинс во Далас, Тексас, соопшти полицијата.

Полицијата потврди дека добила дојава за пукање во средното училиште Вилмер-Хачинс во Далас.

2 (59) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Apr 14:29 -> 15-Apr 16:32
.
.
.
.

СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани

  • СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

  • СДСМ: Морален пораз за Тошковски е советничка од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани да поднесе оставка

  • Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него

Паничните објави на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Реакцијата на СДСМ доаѓа откако денеска министерот Тошковски на својот фејсбук-профил објави статус во кој вели „СДСМ не треба да зборува за селективност и неправда бидејќи за време на седумгодишниот мандат на оваа партија се случија три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе“.

Проширувањето на истрагата за страшната трагедија во Кочани се уште е фокусирана само на минатото а никако на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери, посочија од СДСМ.

СДСМ утрово соопшти дека очекувале оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најмалку од морални причини, по трагедијата во Кочани.

Поттикнат од вчерашните координирани напади од ДУИ, СДСМ и нивниот нов партнер Левица, кои синхронизирано и оркестрирано ги насочија кон мене сите свои расположливи сили, а дополнети и со нови, очекувано продолжени удари од страна на СДСМ утрово, чувствувам обврска пред јавноста да укажам на суштината на оваа невообичаена и сè поочигледна алијанса.

4 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Apr 10:50 -> 15-Apr 17:40
.
.
.
.

ДКСК: Над 15 години нема забрана за употреба на пиротехника во затворен простор

  • По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност

  • Успешна во градењето доверба на граѓаните

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се тие високо ризични по животот и безбедноста, потврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и додаде дека ваквата правна празнина овозможува институционална пасивност и ограничени услови за санкционирање.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност.

Општина Демир Хисар втора година по ред е на врвот на ранг-листата на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), која успешно го практикува системот на интегритет, како клучна алатка за градење силни институции и создавање доверба на граѓаните.

5 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 15-Apr 16:09 -> 15-Apr 18:33
.
.
.
.

Кривична пријава за директор и социјален работник во Меѓуопштински центар за социјални работи

  • Кривична за двајца вработени во Центар за социјални работи Македонски брод, не пријавиле силување на дете

СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднело кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Полицијата од Македонски Брод до јавното обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело непријавување на силување на дете.

8 (24) ■ вести > македонија ■ 14-Apr 14:39 -> 15-Apr 16:32
.
.
.
.

Одговорност ќе има доколку имало пропуст или грешка, вели Таравари за пациентот од Кардиохирургија

  • Се бара вината за смртта на пациент на Кардиохирургија

  • ДСЗИ околу здравствената евиденција не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија

За починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување, рече министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиуми за време на Втората Ренална експертска академија што се одржува во Скопје.

Недостигал медицински материјал и не работела една операциона сала.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) согласно надклежностите, во делот на водењето на здравствената евиденција нема констатирано недостатоци, додека во делот на стручното работење на здравствените работници иницира формирање комисија за стручен надзор од страна на министерот за здравство, потврди попладнево за МИА, директорот на Инспекторатот, доктор Кирил Лазов.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

82 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 15-Apr 10:48 -> 15-Apr 15:27
.
.
.
.

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

  • КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

127 (11) ■ бизнис > свет ■ 13-Apr 08:23 -> 15-Apr 18:58
.
.
.
.

МОБИЛНИТЕ СЕПАК НЕМА ДА КУРТУЛАТ ОД ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП Американски министер најави посебни давачки за ретки технологии

  • Доларот на најниското ниво последните три години

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник изјави дека паметните телефони, компјутерите и некои други електронски уреди, кои беа ослободени од високите царини за увоз од Кина, ќе се соочат со посебни нови давачки заедно со полупроводниците во следните два месеци, . – Претседателот Трамп вели дека тие (производи) се ослободени од реципрочните тарифи, но дека се вклучени во тарифите за полупроводници, кои доаѓаат веројатно за месец или два.

На валутните пазари, изминатава седмица вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна на најниско ниво во последните три години, како резултат на ескалацијата на царинската војна меѓу САД и Кина и повлекувањето на инвеститорите од американските државни обврзници.

204 (4) ■ бизнис > македонија ■ 14-Apr 10:19 -> 14-Apr 11:43
.
.
.
.

МБА преку фондацијата „Заедно за едно“ ќе донира средства за настраданите во пожарот во Кочани

  • Македонската банкарска асоцијација ја основаше фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ за поддршка на повредените и на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

МБА преку фондацијата „Заедно за едно“ ќе донира средства за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани Македонската банкарска асоцијација ја основаше фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ за помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во пожарот во Кочани што се случи на 16 март.

Со длабоко сочувство и солидарност поради трагедијата во Кочани, во рамките на Македонската банкарска асоцијација е основана Фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ за пружање помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар на 16 март 2025 година.

40 (20) ■ сцена > шоу биз ■ 14-Apr 09:42 -> 15-Apr 18:29
.
.
.
.

Видео: Кети Пери „се јави“ од вселената

  • (ВИДЕО) Женскиот екипаж во ракетата на Џеф Безос по 11 минути се врати од вселената, Кети Пери ја бакнуваше земјата

  • Кети Пери денескa патува до работ на вселената

Светската музичка ѕвезда Кети Пери моментално е главна тема на светските медиуми – и тоа со добра причина!

Откако ракетата ја допре земјата и екипажот излезе од неа, Лорен Санчез побрза да го прегрне својот вереник Џеф Безос, за кого ќе се омажи во јуни во Венеција Ракетата „Њу шепард“, произведена од компанијата на милијардерот Џеф Безос, „Блу ориџин“, со целосно женска екипа, слета на Земјата по 11 минути лет во вселената.

Поп-музичарката Кети Пери ќе биде најголемата ѕвезда во целосно женската екипа којашто ќе лета до работ на вселената во недела по американско време со ракетата на милијардерот Џеф Безос.

140 (6) ■ сцена > култура ■ 14-Apr 09:16 -> 14-Apr 20:12
.
.
.
.

Влатко Стефановски ги најави концертите во Филхармонија

  • Прес по повод јубилејните концерти во Скопје на Влатко Стефановски (видео)

Стефановски го претстави и винил изданието „London Sessions“, Нашиот врвен гитарист Влатко Стефановски, денеска заедно со продуцентот Томислав Кашљевиќ и музичката уредничка на Кроација рекордс Клаудија Чулар, ги најави двата последователни концерти кои треба да се случат на 9 и 10 мај во Македонската филхармонија, по повод неговата импозантна 50-годишна музичка кариера и го претстави неговото тројно винил издание „London Sessions“ снимено во познатото музичко студио „Abbey Road“ во Лондон.

Прес-конференцијата по повод јубилејните концерти во Скопје на гитаристот и композитор Влатко Стефановски, со кои ќе одбележи 50 години поминати на концертната сцена.