Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска при посетата на кочанскиот крај ги посети и припадниците на Доброволното противпожарно друштво Кочани и Територијалната противпожарна единица Кочани.
Потребни се сериозни системски реформи за брза и ефикасна реакција во справувањето со секоја кризна ситуација, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по средбата со припадниците на Доброволното противпожарно друштво Кочани и Територијалната противпожарна единица Кочани.