Во текот на вчерашниот ден на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во с.Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од с.Гајре, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово.
На 27.05.2025 во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека од стан на улица ,,Илинденска“ во Тетово каде сам живеел Р.Г. (89) од Тетово се шири непријатна миризба.