1 (104) ■ вести > македонија > политика ■ 22-May 07:36 -> 24-May 20:15
.
.
.
.

Горан Герасимовски ќе биде кандидат на СДСМ за Центар

  • Филипче од Желино: Дали се однапред договорени фирмите блиски до власта кои ќе работат на проектите од заемот?

  • Филипче: Конструктивни сме кога е во интерес државата, в понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

  • (Видео) Филипче: Со новото задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска потврди дека партијата веќе започнала со сериозни подготовки за претстојните локални избори, вклучително и дефинирање на коалициските стратегии и изборот на кандидатите за градоначалници.Меѓу првите потврдени имиња е актуелниот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, кој ќе се кандидира за втор мандат.„За двајца градоначалници сме веќе прилично сигурни дека ќе трчаат на локалните избори, и тоа се сегашните актуелни градоначалници на општина Центар, Горан Герасимовски, и на Крушево, Томе Христовски“, изјави Филипче.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ тргна по еден пат кој што не знаеме каде не води, со економски политики кои, како што предупредуваат експертите, не водат во амбис, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот состанок со општинската организација во Желино.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во понеделник, на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, ќе предложи конкретна агенда составена од најважните точки поврзани со реформскиот пат и националните интереси, за кои најголемите политички партии треба да разговараат на лидерска средба.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое го спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

5 (76) ■ вести > македонија > политика ■ 22-May 07:45 -> 24-May 16:45
.
.
.
.

Мицкоски: Верувам во европскиот сон, но тој мора да биде достапен за сите

  • Мицкоски: Ние сме проевропски ориентирани и сакаме добри односи со сите соседи, но нема да дозволиме ултиматуми

  • Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа

  • Каја Калас: Македонија припаѓа во Европската унија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изрази силна поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија, но истовремено побара поголема правичност, доследност и лидерство од Европската Унија.

Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека ќе се изнајдат решенија и дека Европската унија ќе најде механизми за земјава да го добие заслуженото место во Унијата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, потенцира дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена.

Printscreen / Youtube / Vlada – Европската унија останува со Македонија на вашиот пат кон станување членка на унијата.

9 (21) ■ вести > македонија ■ 22-May 11:28 -> 24-May 17:08
.
.
.
.

Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок - писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

  • Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

  • Кирил и Методиј - македонски и сесловенски светители и просветители

Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица по која се создаде и кирилското писмо, е доказ дека нивната благородна мисија и ден денес обединува.

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

12 (48) ■ вести > македонија > хроника ■ 22-May 10:36 -> 24-May 15:00
.
.
.
.

Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија

  • Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

  • Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“- Нино Васев и уште тројца лекари давале терапија на пациентите, а знаеле дека нема да имаат никаква корист

  • Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка „куќен притвор“ за двајцата поранешни директори обвинети во предметот „Онкологија”.

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”.

Јавното обвинителство денеска на прес-конференција откри шокантни информации околу истрагата за случајот „Онкологија“.Медицинскиот директор е обвинет за незаконска набавка на лекови од Фондот за здравствено осигурување, а за третманот пациенти опфатени се четири лекари онколози, меѓу кои и поранешен директор на Онкологија.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им определи мерка „куќен притвор“ на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи.

14 (4) ■ вести ■ 24-May 14:57 -> 24-May 20:15
.
.
.
.

Хешам со звукот на сирената го „смрзна“ Кил, ништо од германско финале во ЕЛ

  • Кил на колена: Монпелје и Фленсбург ќе водат битка за трофејот во ЕХФ Лигата на Европа

Ништо од германско финале во Европската лига во ракомет.

Монпелје и Фленсбург ќе ги одмерат силите во утрешниот финален меч од ЕХФ Европската лига, по двата супердраматични полуфинални дуели што се одиграа попладнево на фајналфор турнирот во Хамбург, Монпелје како единствен негермански клуб на овој фајналфор успеа да стигне до финалето откако по голема борба го совлада Кил со минимални 32-31. Неколку дена по драматичниот триумф над ПСЖ во Купот на Франција, ракометарите на Монпелје одиграа уште еден неверојатен дуел, се вратија од „минус три“ и со голот на Хешам на пет секунди до крајот го осигураа местото во големото финале.

Повеќе од
оваа категорија

4 (59) ■ спорт > балкан ■ 22-May 06:45 -> 24-May 20:15
.
.
.
.

ЃОКОВИЌ ГО ОСВОИ СВОЈОТ 100-ТИ ТРОФЕЈ СО АС ВО ТРЕТИОТ СЕТ - Новак е прв тенисер со титули во 20 различни сезони

  • Ѓоковиќ со победа над Арналди го прослави 38. роденден

  • Ѓоковиќ со мали проблеми се пласира во 143-то финале во кариерата

  • АТП му го честиташе роденденот на Ѓоковиќ на чуден начин: „Нема никој како Новак, или треба да кажеме…“

Легендарниот тенисер Новак Ѓоковиќ конечно го освои својот 100-ти трофеј во сингл, откако со пресврт го совлада Хуберт Хуркач со 5-7, 7-6 (2), 7-6 (2) по повеќе од 3 часа борба, станувајќи шампион на Женевскиот опен во саботата, објави Хиндустан тајмс.

Новак Ѓоковиќ со победа над Матео Арналди го прослави 38. роденден.

Новак Ѓоковиќ избори пласман во своето 143-то финале на АТП турнирите и во сабота ќе игра против Хуберт Хуркач за својата 100-та титула.

НасловнаСпортАТП му го честиташе роденденот на Ѓоковиќ на чуден начин: „Нема никој како Новак, или треба да кажеме…“ You cannot print contents of this website.

26 (31) ■ спорт > фудбал ■ 22-May 19:45 -> 24-May 18:39
.
.
.
.

(Видео) Нереални слики - Неапол „гори“

  • (Видео) Неапол е подготвен да ја слави шампионската титула

  • ВИДЕО: Неапол свети како Лас Вегас - еве како се славеше титулата во градот на Марадона!

  • Наполи нов шампион на Италија

Фудбалерите на Наполи се шампиони на Серија А за сезоната 2024/25. Тимот на Антонио Конте го освои Скудетото по втор пат во последните три години, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0. Ова е четврта титула за клубот од Неапол во историјата, а речиси половина милион навивачи сакаа да го имаат своето место на стадионот „Диего Армандо Марадона“, чии капаситет е 10 пати помал.

Еуфорија се чувствува на секој чекор во Неапол, тимот на Антонио Конте, вечерва може да ја освои титулата во Серија А. Малку им треба на Наполитанците да се „запалат“, тие веќе почнаа да ја слават титулата, ако ја освојат, тоа ќе им биде втора во три сезони, по исходот од бурното претпоследно коло.

Започна најлудата фудбалска забава во Европа – Наполи повторно е шампион на Италија.

Наполи го победи Каљари на домашен терен во 38-то коло од Серија А со 2:0 и по четврти пат стана шампион на Италија.

36 (32) ■ спорт ■ 23-May 10:14 -> 24-May 16:15
.
.
.
.

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

  • Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

  • Минов: Да навиваме фер и со срце - Напред Алкалоид!

  • Иван Галевски: „Летово нема да одам на одмор во Грција!“

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Извор/ rkalkaloid.mk Еден натревар, 60 минути го делат РК Алкалоид од трофејот во Европскиот куп.

Драга публико, почитувани навивачи, наш осми играч на теренот, во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб АЛКАЛОИД со фер и спортско навивање, изјави Горан Минов, претседател на РК „Алкалоид“.

Алкалоид во недела има шанса да освои европски трофеј, доколку успее да ги сочува четирите гола предност од првиот меч против АЕК во Атина, нешто во што воопшто и не се сомневаме.

Повеќе од
оваа категорија

101 (18) ■ бизнис > економија > политика ■ 22-May 05:02 -> 23-May 08:45
.
.
.
.

Почнати се подготовките на ребалансот, од вчера пуштени барањата до институциите за податоци за капиталните инвестиции

  • Германски бизнисмени во Стопанската комора: Во време на несигурност, стопанската соработка е исклучително важна

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска информира дека почнале подготовките на ребалансот на Буџетот, како и дека од вчера се пуштени барањата до институциите за доставување податоци за капиталните инвестиции.

Делегација на германската Бизнис асоцијација предводена од членот на Управниот одбор на Асоцијацијата Кристоф Бек, денеска, беше во посета на Стопанската комора на Северна Македонија каде остварија средба со претседателот на Комората Бранко Азески и тим од македонски бизнисмени.

175 (5) ■ бизнис > македонија ■ 23-May 11:22 -> 23-May 14:39
.
.
.
.

Божиновска: Потребна е координирана акција во борбата со аерозадувањето и систем кој нема да дозволи злоупотреби

  • Божиновска: Владата за зелена иднина

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на надзорната расправа за аерозагадувањето, што се одржува во Собранието, истакна дека Министерството е свесно за влијанието на традиционалните енергетски капацитети, но дека проблемот со загадувањето треба да се бара и во злоупотребата на системот односно користењето на штетни горива од сомнително потекло за лична и имотна корист.

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска.

307 (5) ■ сцена > култура ■ 22-May 07:52 -> 22-May 11:56
.
.
.
.

Заврши второто издание на Деновите на поезијата - Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

  • Сотирис Минас во Скопје: Македонската поезија заслужува да се слушне зашто ја носи душата на еден народ

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија вчера во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол.

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија синоќа во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол.