Екипата на ГФК Тиквеш 1930 оствари голем триумф над турскиот прволигаш Анталијаспор на пријателскиот меч одигра во Бурдур.
Македонските екипи продолжуваат со подготовките за новата сезона, па така Тиквеш славеше против Анталијаспор со 4-2, додека Пелистер ремизира против Трајал Крушевац (0-0). Натпреварот почна на најдобар можен начин за Тиквеш, кој поведе со голот на Диего во четвртата минута, а потоа Мартин Стојанов зголеми на 2-0. Водството на екипата од Кавадарци продолжи да расте до 20. минута, кога Александар Мишев стрелаше за 3-0, а потоа Анталијаспор со два погодоци успеа да ја врати неизвесноста во дуелот (2-3). Победата на Тиквеш ја запечати Спасов, со голот во 85. минута кога ги постави конечните 4-2. Пелистер и Трајал Крушевац одиграа израмнет натпревар, а македонскиот тим во завршницата имаше и фудбалер помалку, меѓутоа извлече реми против ривалот.