„Во моментов трите „ер трактори“ се на сервис, но кон почетокот на летото очекувам да бидат подготвени за гасење пожари“, рече Ангелов по преземањето на новата функција.
Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија, покрај недостиг на пилоти постојат и проблеми со сервисот на Ер тракторите во овој момент се уште нема доволно потпишани договори со тимовите за брз одговор вклучително и со тимовите за гасење на пожар на отворен простор, посочи на денешната прес-конференција Стојанче Ангелов кој е назначен за нов директор на Дирекцијата.
Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше Ангелов, по претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, тој е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи и од денес стапува на новата функција.
НасловнаМакедонијаАнгелов ја предаде директорската функција во ЦУК на Мухамед Аљи: Верувам дека ќе биде тешко да го следи моето работно темпо You cannot print contents of this website.