1 (8) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 17-Apr 10:32 -> 17-Apr 11:12
.
.
.
.

ОЈО ја обжали пресудата - Преблага е казната за смртта на младата Теодора

  • Обвинителството поднесе жалба против малата казна за Пајазити кој ја усмрти Теодора Ристовска

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот за смртта на Теодора Ристевска беше осуден со две години затвор.

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7.4.2025 година со која обвинетиот Менсур Пајазити беше осуден – за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и му беше изречена казна затвор во траење од две години.

16 (45) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Apr 14:14 -> 17-Apr 09:15
.
.
.
.

Продолжуваат превирањата во „Вреди“, коалиционите партнери во Владата ги следат случувањата

  • Алијансата и Таравари одлучија со свои листи да одат на локални избори, но да останат во “Вреди”

  • Алијанса за Албанците на Таравари останува во „Влен“, со свои листи за советници на локалните избори

  • Вреди вечерва очекува одговор од Таравари – Меџити: Мора да разјасниме, дали се дел од Вреди или со ДУИ!

Превирањата во коалицијата „Вреди“ продолжуваат откако вчера коалицијата излезе со став дека одлуката на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари да одат со посебни советнички листи за советници на претстојните избори е донесена во интерес на ДУИ.

“Денеска како Алијанса за Албанците дефинитивно одлучивме во сите општини да излеземе со сопствена листа на кандидати за советници.

Лидерот на АА Арбен Таравари вечерва по состанокот на Централното председателство и раководствата на сите ограноци на партијата донеле одлука дека предлогот на другите лидери од Влен кандидатите за градоначалници да ги изберат и поделат самите лидери а не како што предлагала АА изборот да биде од сондажи односно анкети на граѓаните.

Првиот вицепремиер, еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, очекува АА на Арбен Таравари вечерва да ја реши дилемата и да ја информира коалицијата ВРЕДИ кој пат ќе го избере.

18 (41) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Apr 07:00 -> 17-Apr 08:20
.
.
.
.

АКО СТРАШЕВСКИ ПАК НЕ ДОЈДЕ НА РОЧИШТЕ, СУДИЈАТА ЌЕ МУ НАЗНАЧИ СЛУЖБЕН АДВОКАТ НА ПАЛЧО На 23 април ќе продолжи судењето за убиствата на Вања и на Панче

  • За да се утврди вистината предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага или да се одреди реконструкција, вели бранителот на еден од обвинетите

  • Палевски ќе одговара на прашања на обвинителството за убиствата на Вања и Панче

  • Адвокатот на Боре Видески: Или реконструкција или враќање на предметот на Вања и Панче во истрага

На 23 април, следната среда, во 10 часот во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за грабнувањата и суровите убиства на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски (74). Денешното рочиште е одложено поради здравствени проблеми на адвокатот Јовица Страшевски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.

Продолжува судењето за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Адвокатот на Боре Видески, Боре Манев, смета дека откако ќе завршат исказите на сите обвинети неопходно ќе биде да се направи реконстукција на целиот настан.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

4 (5) ■ бизнис > македонија ■ 17-Apr 10:24 -> 17-Apr 11:02
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Владата нуди стабилност, предвидливост и партнерство за инвестициски планови

  • Димитриеска-Кочоска пред германските инвеститори во земјава: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение во Скопје, испрати порака до германските инвеститори.

Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја прати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје.

122 (4) ■ бизнис > македонија ■ 16-Apr 15:07 -> 16-Apr 20:11
.
.
.

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза

  • Помош за настраданите во Кочани од Македонската, Централниот депозитар и Загребската берза

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец.

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза ќе пружат финансиска помош во вредност од 25.000 евра на новооснованата фондација на Македонската банкарска асоцијација, именувана „Заедно за едно”.

123 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Apr 11:51 -> 16-Apr 13:57
.
.
.
.

Стратегијата за минерални суровини во финална фаза, рокот за забелешки е до 1 мај

  • По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната срединакако и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.

190 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 15-Apr 10:48 -> 15-Apr 15:27
.
.
.
.

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

  • КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.