Стојанче Ангелов, досегашен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), е новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Владата го назначи Ангелов на местото на Џеват Селами од коалицијата „Вреди“, кој се наоѓа во домашен притвор во рамки на истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 16 март, во кој загинаа 62 лица.
Дирекцијата за заштита и спасување подолго време се наоѓа во агонија, покрај недостиг на пилоти постојат и проблеми со сервисот на Ер тракторите во овој момент се уште нема доволно потпишани договори со тимовите за брз одговор вклучително и со тимовите за гасење на пожар на отворен простор, посочи на денешната прес-конференција Стојанче Ангелов кој е назначен за нов директор на Дирекцијата.
Facebook/Стојанче Ангелов По претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, разрешен сум од позицијата директор на Центарот за управување со кризи.
Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше Ангелов, по претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, тој е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи и од денес стапува на новата функција.