Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.
Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар не можејќи да го слуша сведочењето на Велибор Манев за грабнувањето на Вања, заплаче во судница, па судењето беше прекинато.
Второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Велибор Манев денеска во судот рече дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањето на Жежовски и дека го убил пукајќи му во слепоочница.