Единицата за насилен криминал при СВР - Скопје поднесе кривична пријава против К.К., на возраст од 20 години, поради сторено кривично дело по член 319 од КЗ. Синоќа во 23:10 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.К., кој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме, појаснуваат од МВР. Kanal5