1 (17) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Dec 13:34 -> 03-Dec 18:15
.
.
.
.

По пад од зграда во изградба во Гевгелија, починал 21-годишник од кумановско Орашац

  • Загина градежен работник во Гевгелија

Дваесет и едногодишен жител на кумановското село Орашац починал денеска во Клиничкиот центар во Скопје од тешки повреди по пад од зграда во изградба во Гевгелија.

Градежниот работник Б.Б. (21) од село Орашац, кумановско, починал откако паднал од зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во истоимениот град.

10 (8) ■ вести > македонија ■ 03-Dec 14:22 -> 03-Dec 16:06
.
.
.
.

Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител

  • Обвинителите Хајрулаху и Цветановски одат на дисциплинска

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и еден јавен обвинител.

Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради утврдено нестручно и несовесно работење, што го покажала ревизијата кое републичкото јавно обвинителство ја изврши врз Вишото обвинителство.

12 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 01-Dec 12:06 -> 03-Dec 18:02
.
.
.
.

Од „Нема правда, нема мир“ до целосен колапс и блиску нула доверба во правосудниот систем

  • ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски и ЈО да почнат да работат и да постапуваат по закон

  • Петрушевски: Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на Обвинителството

Интегрално соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Од слоганот на СДС „Нема правда нема мир“, но и од правдата на која се надеваа дел во учесниците во Шарената револуција, денес правосудството е на дното, а довербата на граѓаните во судството и обвинителството блиску до нула.

Од слоганот на СДС „Нема правда нема мир“, но и од правдата на која се надеваа дел во учесниците во Шарената револуција, денес правосудството е на дното, а довербата на граѓаните во судството и обвинителството блиску до нула.

Шест месеци Јавното обвинителство е во зимски сон, шест месеци нема ниту едно покренато обвинение за ниту еден случај на сериозен криминал и корупција за репрезенти од СДС и ДУИ кои со години ги ограбуваа институциите, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

13 (20) ■ вести > свет ■ 01-Dec 21:13 -> 03-Dec 18:00
.
.
.
.

Нетанјаху: Примирјето не значи и крај на војната

  • Либан ги повика САД и Франција да извршат притисок врз Израел да го почитува примирјето

  • Хезболах нападна израелска база во јужен Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хезболах, но предупреди дека тоа не значи дека војната е завршена.

Либанските власти ги повикаа Вашингтон и Париз да извршат притисок врз Израел да го почитува договорот за прекин на огнот, откако израелските напади и ракетите на Хезболах повторно го прекршија примирјето во јужен Либан.

Хезболах денеска објави дека ја нападнала израелската воена база Руисат Ал-Алам во окупираните ридови Кфар Шуба во јужен Либан, опишувајќи ја акцијата како „прелиминарно одбранбено предупредување“ како одговор на континуираните израелски прекршувања на договорот за прекин на огнот.

Повеќе од
оваа категорија

64 (33) ■ спорт > фудбал ■ 01-Dec 18:29 -> 03-Dec 08:55
.
.
.
.

Фиорентина излезе со соопштение за состојбата на Бове

  • Бове се освести, дише самостојно

  • БОВЕ ИМАЛ СРЦЕВ УДАР И ЕПИЛЕПТИЧЕН НАПАД Фудбалерот на Фиорентина се освестил во болница и му прават тестови

  • Нови информации од Италија: Фудбалерот кој колабираше е во подобра состојба

Виолетовите излегоа со официјално соопштение за состојбата на фудбалерот Едуардо Бове кој денеска колабираше на теренот на мечот меѓу Фиорентина и Интер.

Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове се освести во болница откако изгуби свест на денешниот натпревар од 14. коло од италијанското првенство против Интер, пренесува „Sky Sport“.

Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове се освести во болница откако изгуби свест на денешниот натпревар од 14. коло од италијанското првенство против Интер, пренесува „Sky Sport“.

Натпреварот од 14. коло во Серија А помеѓу Фиорентина и Интер беше прекинат во 17. минута откако колабираше домашниот фудбалер Едоардо Бове, а неговата состојба според новите информации е стабилна.

Повеќе од
оваа категорија

4 (4) ■ бизнис > економија ■ 03-Dec 17:17 -> 03-Dec 17:51
.
.
.
.

Јовановиќ: Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само шест години, што веројатно ќе биде најкратко во светот

  • ▷ Јовановиќ: Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само 6 години

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии е против предлогот за зголемување на границата за пензионирање затоа што според него ваквиот предлог е неправеден за работниците и нема да ги реши проблемите со кои се соочува Пензискиот фонд во моментот.

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии е против предлогот за зголемување на границата за пензионирање затоа што според него ваквиот предлог е неправеден за работниците и нема да ги реши проблемите со кои се соочува Пензискиот фонд во моментот.

80 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 03-Dec 10:20 -> 03-Dec 11:42
.
.
.
.

Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село

  • Цветиновата награда за мир за „СОС-детско село“

Со цел да обезбеди подобра иднина за децата без родители и родителска грижа, но и да ги поттикне граѓаните индивидуално да донираат во рамки на своите можности, Веро во празничниот месец декември повторно ја организира традиционалната донаторска кампања „Заокружи сметка“.

Во сенаменската сала на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на „СОС-детско село“ неодамна се одржа настанот „Цветинова награда за мир“, на кој познатиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин му ја додели престижната награда на „СОС-детско село“, која му беше врачена на претседателот на Управниот одбор, Александар Трајковски.

196 (4) ■ бизнис > економија ■ 02-Dec 13:32 -> 02-Dec 17:48
.
.
.
.

НАМАЛЕН Е БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА: Преработувачката индустрија е на удар

  • Намален бројот на работници во индустријата во октомври на годишно ниво

Како што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), за 3,2 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани.

За 3,2 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани, а бележи раст од 0,6 проценти во периодот јануари-октомври годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст од 4,6 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,1 процент, а опаѓање во секторот Преработувачка индустрија за 3,9 проценти.