1 (4) ■ вести > македонија ■ 16-Apr 19:31 -> 16-Apr 21:24
.
.
.
.

МУРТЕЗАНИ: Таравари ја напаѓа коалицијата ВРЕДИ, бара алиби за соработка и кокетира со ДУИ, за негово одење во скутот на Али Ахмети

  • (во живо)Муртезани негира дека Таравари си заминал од Вреди поради поделбата на „фотелји“, вели, најверојатно се договорил со Ахмети за заеднички настап на локалните избори

Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, и тоа не го крие, го доведува во прашање целото функционирање на Владата зашто какво ќе биде тоа ако тој има врски со ДУИ.

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, кој е гостин во вечерашната Топ Тема на Телма вели дека Таравари не си заминал од коалиција Вреди поради поделбата на „фотелји“, туку најверојатно се договорил со Ахмети за заеднички настап на локалните избори.

3 (41) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Apr 16:35 -> 16-Apr 19:57
.
.
.
.

Лидерите од коалицијата „Влен“ денес ќе ја разгледаат одлуката на Алијанса за Албанците

  • Вреди вечерва очекува одговор од Таравари – Меџити: Мора да разјасниме, дали се дел од Вреди или со ДУИ!

  • Алијанса за Албанците на Таравари останува во „Влен“, со свои листи за советници на локалните избори

  • МЕЏИТИ: Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, не е тајна дека преговараше со ДУИ

Лидерите од коалицијата „Влен“ денеска во 14 часот ќе одржат седница во Скопје по вчерашната одлука на Алијанса на Албанците да одат на сопствени листи за советници на претстојните локални избори, а да не излегуваат од коалицијата.

Првиот вицепремиер, еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити, очекува АА на Арбен Таравари вечерва да ја реши дилемата и да ја информира коалицијата ВРЕДИ кој пат ќе го избере.

Централното претседателство на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одлучи да одат со свои листи за советници на претстојните локални избори.

Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави предмалку Изет Меџити.

5 (39) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Apr 19:33 -> 16-Apr 16:48
.
.
.
.

ДАЛИ МВР МУ СЕ НАЛУТИ НА КОЦЕВСКИ? - „Зошто обелоденил дека ќе се апсат полицајци додека акцијата се уште траела

  • Истрагата за Кочани се проширува, издадена наредба за приведување на седум полицајци

  • Коцевски: Министрите за економија издавале лиценци на дискотеката „Пулс“ врз основа на непотполна документација

  • МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

по налог на Основното јавно обвинителство, спровело акција за апсење на овие седуммина полицајци, кои се осомничени дека се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во вчерашното гостување на емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ кажа дека е издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загина 61 лице, а над 100 беа повредени.

Тимот на јавни обвинители којшто ја води истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги прибавил сите издадени лиценци за работа на објектот од 2012 година сѐ до денот на кривично-правниот настан и според увидот во предметите немало ниту една со целосна документација, посочи вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници.

7 (10) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Apr 15:49 -> 16-Apr 18:02
.
.
.
.

СУДОТ ОДРЕДИ КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ШЕСТТЕ ПОЛИЦАЈЦИ По седмиот трага полицијата, сите се сомничат за пожарот во „Пулс“

  • Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка

Шест полициски службеници ќе бидат во куќен притвор, одлучи судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, откако попладнево беа спроведени во судот и се произнесоа по предлогот на Јавното обвинителство за определување мерки на претпазливост.

Вкупно шест од седум полициски службеници осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани, за кои денеска Обвинителство побара мерки за претпазливост се спроведени во Основниот кривичен суд Скопје.

10 (63) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Apr 09:17 -> 16-Apr 13:55
.
.
.
.

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

  • СДСМ: Паничните испади на Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани

  • СДСМ: Морален пораз за Тошковски е советничка од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани да поднесе оставка

  • Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани.

Паничните објави на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук само ја потврдуваат неговата одговорност за Кочани, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Реакцијата на СДСМ доаѓа откако денеска министерот Тошковски на својот фејсбук-профил објави статус во кој вели „СДСМ не треба да зборува за селективност и неправда бидејќи за време на седумгодишниот мандат на оваа партија се случија три големи трагедии во кои животот го загубија над 70 луѓе“.

СДСМ утрово соопшти дека очекувале оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најмалку од морални причини, по трагедијата во Кочани.

Министерот за внатрешни раобти Панче тошковски во подолго обраќање на социјалните мрежи ги обвини опозициските партии СДСМ, ДУИ и Левица дека координирано го напаѓаат поради неговата борба со корпцијата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

28 (4) ■ бизнис > македонија ■ 16-Apr 15:07 -> 16-Apr 20:11
.
.
.

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза

  • Помош за настраданите во Кочани од Македонската, Централниот депозитар и Загребската берза

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец.

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза ќе пружат финансиска помош во вредност од 25.000 евра на новооснованата фондација на Македонската банкарска асоцијација, именувана „Заедно за едно”.

80 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Apr 11:51 -> 16-Apr 13:57
.
.
.
.

Стратегијата за минерални суровини во финална фаза, рокот за забелешки е до 1 мај

  • По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната срединакако и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.

192 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 15-Apr 10:48 -> 15-Apr 15:27
.
.
.
.

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

  • КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

206 (4) ■ бизнис > македонија ■ 15-Apr 15:19 -> 16-Apr 11:06
.
.
.

„Алказар енерџи“ и ИФЦ потпишале договор за развој на ветерниот парк Штип

  • Alcazar Energy Partners и IFC ја прошируваат соработката за развој на ветерниот парк Штип во Македонија

„Алказар енерџи партнерс“ (AlcazarEnergyPartners – АЕП), соопшти дека потпишале договор со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка за пристап до средства за развојна поддршка за фаза еден од ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Северна Македонија.

Alcazar Energy Partners („AEP“), водечки независен менаџмент на инфраструктурни фондови фокусиран на развој, финансирање, изградба и работа на проекти за обновлива енергија од комунален размер на растечки пазари, потпиша договор за поддршка на развој со Меѓународната финансиска корпорација („IFC“), членка на Групацијата Светска банка.