Продажбата на нови автомобили во Европската унија повторно е намалена во февруари, покажаа во вторникот објавените податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во февруари во ЕУ се регистрирани 854.000 нови автомобили, 3,4 отсто помалку од истиот месец минатата година, пресметале во ACEA.
Народната банка информира дека вкупните депозити во февруари бележат пораст од 11,1% на годишно ниво, додека вкупните кредити забележуваат зголемување од 11,5%. Во февруари 2025 година, паричната маса регистрира месечен пораст од 0,2%, под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити до две години, додека краткорочните депозити и готовите пари во оптек бележат намалување.