1 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 23-Jan 14:12 -> 23-Jan 15:42
.
.
.
.

Трајковски, сведокот за убиството на Вања, се предал на полицијата

  • Сведокот за убиството на Вања кој беше во бегство, се предаде на полицијата

Гоце Трајковски, кој беше осомничен за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода и истовремено сведок во истрагата за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, сам се предал на полицијата, објави Плусинфо.

Гоце Трајковски, лицето кое е осомничено за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, а воедно е и сведок во предметот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, се предаде на полицијата, дознава од свои извори.

2 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Jan 13:01 -> 23-Jan 15:19
.
.
.
.

Програма за работа на Владата во 2025 година: Силен економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, квалитени работни места

  • Митева за можната набавка на државен авион: Неодговорно е што актуелната опозиција не направи ништо за државниот имот во изминатите години

Поттикнување силен циклус на економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на животниот стандард, создавање квалитени работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација, се само дел од стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година.

Неодговорно е да имате опозиција којашто изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот и не само што не направи ништо, туку и она што беше досега направено го остави како во заборав на времето, нагласи на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, откако оваа тема ја отвори директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

6 (23) ■ вести > македонија ■ 23-Jan 10:16 -> 23-Jan 15:39
.
.
.
.

Апостолски: Настаните на 27 април се тешко дело против државата, го повикуваме јавниот обвинител вистински да истражи кои се организаторите

  • Падна предметот за ,,Организаторите на 27 април”, уважена амнестијата на Јанакиески, Вељановски, Ристески и Атанасовски

  • Амнестирани обвинетите организатори на упадот од 27 април

Настаните на 27 април се навистина тешко дело против државата, но и тогаш, и сега, го повикуваме јавниот обвинител, вистински да истражи кои се организаторите, порача одбраната на обвинетите за случајот „Организатори за 27 април“, откако Основниот Кривичен суд Скопје денеска го уважи барањето за амнестија на обвинетите ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.

Падна предметот за ,,Организаторите на 27 април”, бидејќи денеска во Кривичниот суд е уважена амнестијата на обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристески и Владимир Атанасовски.

Важи амнестијата и за екс собранискиот спиекр Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

14 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jan 16:08 -> 23-Jan 14:13
.
.
.
.

Димитриевски: Усвојувањето на Платформата за национално единство потребно за државата

  • Димитриевски – Рокас: Реформите покажуваат дека Владата е на вистинскиот пат

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска изјави дека усвојувањето на Платформата за национално единство и е потребно на државава Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски денеска изјави дека усвојувањето на Платформата за национално единство и е потребно на државава и оти има разговарано со претставници на политички партии за нејзино усвојување, но оти прецизни разговори би се случиле на ниво на делегации на партиите.

Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска во просториите на партијата, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Н.Е. Михалис Рокас.

Повеќе од
оваа категорија

7 (16) ■ спорт ■ 21-Jan 11:05 -> 23-Jan 15:38
.
.
.
.

Австралија опен: Сабаленка третпат по ред во финале

  • Сабаленка прва финалистка на Австралија Опен

Двократната бранителка на титулата на Австралија опен, светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, се пласираше во финалето на првиот грен-слем турнир во сезоната во четвртокот, победувајќи ја Шпанката Пола Бадоса со 6-4, 6-2. Првата носителка Сабаленка, на која ѝ беа потребни еден час и 27 минути за да стигне до своето трето последователно финале на Австралија опен, го чека победникот од вториот полуфинален меч меѓу втората носителка Ига Швјонтек од Полска и Американката Медисон Киз.

Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка претпладнево ја победи Шпанката Паула Бадоса во полуфиналето на Австралија Опен со резултат 6:4 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 27 минути.

43 (42) ■ спорт ■ 21-Jan 14:21 -> 23-Jan 14:58
.
.
.
.

Паника кај фановите: Ѓоковиќ го откажа денешниот тренинг

  • Ѓоковиќ: Победив со две раце и една ипол нога!

  • „Ѓоковиќ беше вистински уметник во дуелот со Алкараз“

  • Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ утре игра полуфинале на Австралија опен против Александер Зверев, а на ден пред мечот го откажа закажаниот тренинг.

Новак Ѓоковиќ беше видно уморен по исцрпувачкиот меч со Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија опен.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да слави против Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралијан опен, па доби пофални зборови од поранешниот тенисер Енди Родик.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако денеска во четврт-финалето го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со резултат 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. . Натпреварот траеше три часа и 35 минути.

77 (7) ■ спорт > кошарка ■ 22-Jan 12:04 -> 23-Jan 14:50
.
.
.
.

Вашингтон се врати на тренинзите на Партизан, но…

  • Партизан во „супер-меч“ славеше над Шортс и Париз

Американскиот кошаркар Дуејн Вашингтон се врати на тренинзите на Партизан по неделното отсуство поради шпекулациите дека има сипаници, нешто што се воспостави дека не е точно.

Кошаркарите на Партизан стигнаа до нова победа во Евролигата откако вечерва на домашен терен во премиерниот меч од 23. коло од елитното натпреварување славеа над Париз на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 92-86. Гостите фуриозно го отврорија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 26-34. Како одминуваше времето домашниот тим заигра далеку подобро во одбраната, па на крајот клучна беше последната четвртина во која на противникот му дозволија само 17 поени и со тоа стигнаа до победа од 92-86. Ти Џеј Шортс со 19 поени беше убедливо најдобар поединец на натпреварот, додека кај победникот Карлик Џоунс заврши со 17 поени.

Повеќе од
оваа категорија

190 (4) ■ бизнис > економија ■ 22-Jan 11:42 -> 23-Jan 10:26
.
.
.
.

Се наближува рокот за поднесување на барања за признавање на расход во даночниот биланс за 2024

  • ТЕЧАТ РОКОВИТЕ ЗА БАРАЊА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА РАСХОД ВО ДАНОЧЕН БИЛАНС Последен ден е 31 јануари

Даночни обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водите деловни книги, доколку во текот на 2024 година имате средства кои понатаму не можат да се користат, односно се трајно надвор од употреба, а кои имаат нето сметководствена вредност, најдоцна до 31 јануари 2025 година до УЈП поднесете: Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка (образец “ДД-БС”) eлектронски преку преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ Барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход (образец “ДЛД-БС”) електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk Под средства што се трајно надвор од употреба се сметаат: средствата што се уништени или оштетени поради виша сила како и од други непредвидливи настани, физичка дотраеност или техничка застареност; средствата што повеќе од една година непрекинато не ги користите, а нивното ставање надвор од употреба не е поради поправка или доградба; средствата што се во фаза на набавка, а чија набавка, со одлука или со друг акт е откажана или три години едноподруго не се вложуваат средства за довршување на таа набавка, и средствата што во последните пет години непрекинато ги користите помалку од 30% од нивниот програмиран капацитет.

Управата за јавни приходи информира дека 31 јануари е рокот за поднесување барања за признавање расходи во даночен биланс за данок на добивка и за данок на доход.

211 (4) ■ бизнис > економија ■ 21-Jan 12:45 -> 22-Jan 19:43
.
.
.

Уриваме рекорди: Во банките чуваме речиси 10 милијарди евра

  • КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

Вкупните депозити во македонските банки во декември достигнаа 600,3 милијарди денари (околу 9,7 милијарди евра)и раст на годишно ниво од 12,4 проценти, покажуваат новите податоци на Народната банка, пишува Блумберг Адриа.

Се чини како за интересот и за цената на акциите на Комерцијална банка да нема лимит, а тоа уште повеќе го поттикна и најавата дека за минатата година банката ќе дели дивиденда, а имајќи ја предвид нејзината одлична дивидендна политика и историја во минатите години, се очекува дека тоа ќе биде прилично солидна сума, што е уште еден тригер плус за инвеститорите да навалат на оваа акција.

251 (4) ■ бизнис ■ 21-Jan 07:36 -> 21-Jan 14:58
.
.
.
.

ПРЕКУ БИЗНИСОТ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ НА ТРИ МОРИЊА Иницијатива за соработка меѓу 13 земји од ЕУ и Западен Балкан

  • Панел дискусија за можностите за економска соработка со иницијативата „Три мориња“

Морињата се одредниците кои ќе ги исцртаат новите сфери на интерес во светот, а новиот интерес конечно ќе се вика бизнис затоа што сите ќе сфатат дека без бизнис нема ништо и дека тоа е единственото врзивно ткиво на овој свет, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на панел дискусијата за претставување на иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа.

Панел дискусија на која ќе биде претставена иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Стопанската комора во соработка со Институтот за стратешки иницијативи и политики.