Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура.
Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура.
Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а тие да не се обидуваат да препишуваат и испитот да го сфатат како дел од нивното образование кој не треба да претставува никаков проблем – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред утрешното полагање на првиот екстерен испит од годинашната матура за која се пријавени над 15 000 средношколци.
Оваа година очекувам се да помине во ред и мир, со многу помалку несакани дејствија односно препишување, што се случуваа во минатото.