1 (11) ■ вести > македонија > хроника ■ 22-Mar 12:19 -> 22-Mar 12:45
.
.
.
.

Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

  • Муцунски: Трошоците за лекување во странство се покриени од државите домаќини, патувањето, сместувањето и логистиката од македонската влада

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција.

Трошоците за лекување во странство на повредените луѓе во пожарот во Кочани се покриени од државите домаќини, а патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоци за целата логистика за нивниот престој е на нашата Влада, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција и се заблагодари на сите земји кои ги примиле повредените и за нивната солидарност.

2 (23) ■ вести > македонија > регион ■ 21-Mar 18:56 -> 22-Mar 13:12
.
.
.
.

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани

  • „Солун во молк за Кочани“: Напладне собир на плоштадот Аристотел во спомен на загинатите

  • Утре во Солун на плоштадот Аристотел, молк за жртвите во пожарот во Кочани!

„Солун е со тебе Кочани“; „Нивните профити или нашите животи“; „Едни иселивте, а тие што останаа ги убивте – Кочани 16.03.2025“; „Репертоарот е со години ист, настапува корупција, а народот е публика“; „Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“, беа дел од пораките на паноата на Македонците кои точно напладне се собраа на плоштадот „Аристотел“ во Солун за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Плус“ во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонците кои живеат и студираат во Солун, точно напладне организираат собир „Солун во молк за Кочани“ на централниот плоштад „Аристотел“ за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, јави дописничката на МИА од Атина.

Утре, сабота, во 12 часот на главниот плоштад во Солун, Аристотел, ќе им се оддаде почит на жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани.

4 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 22-Mar 10:59 -> 22-Mar 12:25
.
.
.
.

Предизвикале пожари: Прилепчанец и ресенчанка завршија со лисици на рацете

  • Уапсени две лица поради предизвикување пожар во Прилеп и Ресен

Вчера во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 околу 14.30 часот на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева, при што се запалиле и изгореле дрва, бандера сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите.

На 21.03.2025 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 околу 14.30 часот на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева, при што се запалиле и изгореле дрва, бандера сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите.

12 (55) ■ вести > свет ■ 20-Mar 07:48 -> 22-Mar 11:09
.
.
.
.

САД почнуваат со производство на борбен авион Ф-47 : Трамп ги покажа снимките во Белата куќа

  • Трамп потпиша извршна наредба за затворање на Министерството за образование

  • Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро

  • Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа и договор за поделба на територијата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека САД, по пауза, наскоро ќе започнат со производство на борбен авион од шестата генерација наречен Ф-47. „По моја насока, Военото воздухопловство на Соединетите Американски Држави оди напред со првиот светски борбен авион од шеста генерација, број шест, шеста генерација, и ќе биде познат како Ф-47“, рече Трамп на заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Пит Хегсет.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со цел да се затвори Министерството за образование.

Договорот за ретки минерали со Киев ќе биде потпишан наскоро, а напорите на САД за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина одат „прилично добро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по неговите разговори оваа недела со украинскиот и рускиот лидер.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „многу брзо“ да биде договорен целосен прекин на огнот во Украина.

14 (40) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Mar 12:17 -> 22-Mar 08:48
.
.
.
.

Коцевски: Верижни незаконити дејствија довеле до предизвикување на пожарот

  • Коцевски: Сите докази за „Пулс“ упатуваат на кривично дело – тешки дела против општата безбедност, за што е предвидена казна затвор до 20 години

  • Коцевски: Неприфатлива е политичката злоупотреба на трагедијата во Кочани

  • Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица

Верижни незаконити дејствија довеле до предизвикување на пожарот, во кој загинаа 59 лица.

Оваа трагедија има димензии на национална катастрофа.

Оваа трагедија има димензии на национална катастрофа.

Со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

15 (6) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 21-Mar 12:32 -> 22-Mar 10:07
.
.
.
.

Сакале да продадат три килограми дрога на Грк за 9 илјади евра – полицијата ги затекнала во Дојран

  • Приведени тројца дилери

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднел кривична пријава против П.П.Г.(30) од село Стојаково, општина Богданци, П.Р.(39) од Валандово и В.Ќ.(31) од село Стојаково поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

41 (11) ■ бизнис > економија ■ 21-Mar 09:28 -> 22-Mar 11:19
.
.
.
.

Просечната плата во јануари 43.050 денари – за една година раст од 8,9 проценти

  • Просечната нето-плата во јануари била 43.050 денари

Во јануари е исплатена просечна плата од 43.05 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година изнесувала 43.050 денари, податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација 15.6%, административни и помошни услужни дејности 12% и образование 11.4%. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите градежништво 6.6%, преработувачка индустрија 5.4% и финансиски дејности и дејности на осигурување 4.5%. Просечната месечна исплатена -плата по вработен во јануари пак изнесувала 64.697 денари.

148 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 21-Mar 12:06 -> 21-Mar 13:27
.
.
.
.

Кумбароска Ванбeсин: Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка за поефикасно и побрзо работење

  • Марија Кумбароска Ванбeсин во „Бизнис-клуб“: „Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка која може да се користи за поефикасно и побрзо работење“

Во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, гостин е Марија Кумбароска-Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, која изнесува ставови за значењето на човечките ресурси во остварувањето раст и развој во организациите и за потребата од вложување во нив во насока на зголемување на нивото на нивното знаење и на стекнувањето нови вештини.

Во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, гостин е Марија Кумбароска-Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, која изнесува ставови за значењето на човечките ресурси во остварувањето раст и развој во организациите и за потребата од вложување во нив во насока на зголемување на нивото на нивното знаење и на стекнувањето нови вештини.

187 (5) ■ бизнис > балкан ■ 20-Mar 15:58 -> 21-Mar 09:24
.
.
.

Ќе се преполови бројот на работни дозволи за македонските печалбари во Германија – станува збор за работните дозволи

  • Германија ќе го намали бројот на работници од Балканот

Новиот коалициски договор на германските партии предвидува сегашниот број од 50.000 работни дозволи за Западен Балкан да се преполови и да се овозможи доаѓање на 25.000 работници годишно за да се контролира имиграцијата и да се намали притисокот врз домашниот пазар на труд Доколку Германија го преполови бројот на работници што доаѓаат од земјите на Западен Балкан, тоа ќе ги засегне и македонските граѓани што планираат да заминат на печалба во оваа земја, дознава од агенциите што посредуваат при вработувањето во странство.

Германските демохристијани и социјалдемократите преговараат за формирање нова влада, а една од клучните одредби на потенцијалниот коалициски договор во делот поврзан со миграцијата е намалување на бројот на работници во Германија од Западен Балкан.