1 (12) ■ вести > свет > регион ■ 26-Jun 17:15 -> 28-Jun 16:34
.
.
.
.

Запрен градскиот превоз во центарот на Белград

  • Амбасадата на САД во Србија ги предупредува граѓаните да ги избегнуваат местата за протести во Белград

Градскиот превоз во централниот дел на Белград попладнево е запрен и на возилата им е наложено да се вратат во гаража.

Амбасадата на САД во Србија ги предупреди своите граѓани да ги избегнуваат областите во Белград каде што денес се закажани протести и собири и издаде препорачани мерки.

4 (4) ■ вести > македонија ■ 28-Jun 13:27 -> 28-Jun 16:07
.
.
.
.

Нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8, договорија Николоски и Караџов

  • НИКОЛОСКИ-КАРАЏОВ: Согласност за изградба на заеднички тунел за пругата Македонија – Бугарија

Да се одржи нова средба во периодот што следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел што треба да ги поврзе Македонија и Бугарија, со цел придвижување на работите за реализација на железничкиот Коридор 8. Ова е договорено на денешната средба меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, што се одржа во рамки на форумот „Глобална Транспортна Поврзаност“ што се одржува во Истанбул.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов.

5 (32) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Jun 08:43 -> 28-Jun 12:27
.
.
.
.

Одлуките од Самитот во Хаг ќе имаат историски последици за идните генерации, вели Муцунски за „Атлантик кансл“

  • Муцунски: Нема да има промени на нашите позициите за уставните измени

  • Муцунски на настан во Хаг посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот на НАТО

  • Муцунски: Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност

Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за американскиот тинк-тенк „Атлантик кансл“ во областа на меѓународните односи и е основан од 1961 година.

„Јас сè уште не можам да разберам што е тоа модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик, како што има обид да се вметне во овој документ од Европскиот парламент и во таа смисла мислам дека во моментот, ценејќи ги околностите, не мислиме дека има создадено услови за уставни промени, бидејќи, очигледно е дека уставните измени се веројатно најмалото барање кое го има планирано Бугарија во однос на македонското прашање“, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

На маргините на НАТО-самитот, што изминатите два дена се одржа во Хаг, Холандија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зеде учество на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

По завршувањето на официјалниот дел од НАТО самитот во Хаг, синоќа, на покана на Atlantic Council, министерот Тимчо Муцунски учествува на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

6 (35) ■ вести > свет ■ 26-Jun 05:20 -> 28-Jun 16:19
.
.
.
.

Шефoт на МААЕ: Центрифугите во нуклеарниот комплекс Фордо повеќе не се во функција

  • Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма

  • Гроси: Соработката на Иран со МААЕ е обврска на официјален Техеран

  • Иран егзекутира повеќе обвинети за шпионажа за Израел додека продолжуваат апсењата

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека нуклеарната програма на Иран претрпе огромна штета по неодамнешните напади од страна на САД и Израел, пренесува Анадолија.

Facebook / Donald J. Trump Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.

„Соработката на Иран со МААЕ во врска со неговата нуклеарна програма останува обврска за иранските власти“, рече Гроси во интервју за француската државна телевизија Франс 2 откако иранскиот Парламент вчета гласаше за прекин на соработката со МААЕ.

Иранските власти во изминативе две недели егзекутираа најмалку шест лица обвинети за шпионажа во корист на Израел, додека тензиите меѓу исламската република и израелската држава продолжуваат.

15 (9) ■ вести > македонија ■ 27-Jun 11:45 -> 27-Jun 18:03
.
.
.
.

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО

  • МАКЕДОНИЈА ЌЕ УПАТИ НА РАЗУМ ВО СТРАЗБУР ПРОТИВ „МОДЕРНИОТ“ АМАНДМАН Не е мала работа што ЕУ разбра што прави Бугарија, смета Муцунски

Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година – Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за жал одредени кругови во таа држава ги граделе по однос на македонското прашање историски наназад.

Македонија нема механизам да го спречи евентуалното усвојување на амандманот кон Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кој треба да биде изгласан на почетокот на јули, но ќе направи сè за да упати на разум.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

117 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 06:09 -> 27-Jun 12:15
.
.
.
.

Македонските ученици со најмногу награди на меѓународен конкурс за стрип посветен на помирувањето

  • Триумф на македонската стрип заедница на меѓународен стрип конкурс

Фото: comic.mk Младите стрип-автори од Македонија постигнаа голем успех на Меѓународниот конкурс за стрип под мотото „Сè што сакаме да речеме е: дајте му шанса на помирувањето“, организиран од Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија.

Младите македонски стрип автори убедливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0“ Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка,Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија и соработници од и Србија.

118 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 07:10 -> 26-Jun 09:15
.
.
.
.

„Скопско лето“ - Концерт за деца „Песна за жирафата“ денес во Сули Ан

  • Концерт за деца „Песна за жирафата“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.

Вечерва, 26. јуни, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ со почеток во 20:00 часот во Сули ан. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан. „Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин.

128 (5) ■ сцена > life ■ 26-Jun 13:00 -> 26-Jun 18:15
.
.
.
.

Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков

  • Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

177 (4) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 08:07 -> 26-Jun 15:15
.
.
.

Во кино „Фросина“ почнува седмото издание на „Златна рамка“

  • Почнува седмото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм

Од денеска, четврток 26 јуни до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

Од денеска до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.