1 (5) ■ вести > свет ■ 06-Nov 13:09 -> 06-Nov 13:34
.
.
.
.

Доларот и биткоинот нагло пораснаа по победата на Трамп на изборите

Американскиот долар значително зајакна откако стана јасно дека Доналд Трамп ќе биде избран за следен претседател на САД, а биткоинот достигна рекордна вредност, во услови кога инвеститорите очекуваат потенцијални даночни олеснувања, зголемување на тарифите и пораст на инфлацијата во неговиот втор мандат, јави Би-Би-Си. Вредноста на доларот се зголеми за околу 1,5% во однос на неколку валути, меѓу кои британската фунта, еврото и јапонскиот јен.

3 (4) ■ вести > култура ■ 06-Nov 13:10 -> 06-Nov 13:36
.
.
.
.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси

  • Пристигнале 2900 пријави на Годишните конкурси за поддршка на проекти од националните установи од културата и по области

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата и на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата, пожелувајќи им успешна работа во креирањето на националната програма за култура за 2025 година.

На Годишните конкурси на Министерството за култура и туризам, кои завршија вчера, пристигнале околу 2 илјади и 900 пријави, за поддршка на проекти од национален интерес во националните установи од културата и по области и активности.

8 (93) ■ вести > свет ■ 04-Nov 07:24 -> 06-Nov 13:26
.
.
.
.

Трамп: Ова ќе биде златното доба на Америка

  • Би-Би-Си: Десет причини зошто и Трамп и Харис би можеле да победат

  • Трамп: Не требаше да ја напуштам Белата куќа

  • Трамп е осуден, како може да гласа во Флорида?

Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си. Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си, со оценка дека анкетите се толку блиску, што и републиканскиот и демократскиот кандидат, Доналд Трамп и Камала Харис, би можеле да победат со поен или два.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа откако ги загуби претседателските избори во 2020 година, кои никогаш не ги призна.

Иако законодавството на Флорида им го отежнува гласањето на луѓето со осуди за кривично дело, Трамп нема да има проблеми со гласањето.

14 (4) ■ вести ■ 06-Nov 12:11 -> 06-Nov 13:05
.
.
.
.

РКЕ ќе добие повеќе ингеренции пазарното енергетско поврзување со соседните земји

  • Бислимоски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) на панелот „Обновливи извори: Стратешки преглед на имплементацијата на обновливи извори на енергија” на конференцијата организирана од Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС). „Ние сме инволвирани во пазарното поврзување помеѓу Грција, Македонија, Албанија и Косово, преку проект на УСАИД.

Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) на панелот „Обновливи извори: Стратешки преглед на имплементацијата на обновливи извори на енергија” на конференцијата организирана од Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС). „Ние сме инволвирани во пазарното поврзување помеѓу Грција, Македонија, Албанија и Косово, преку проект на УСАИД.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

212 (6) ■ бизнис > економија ■ 04-Nov 08:53 -> 05-Nov 09:07
.
.
.
.

Нафтените деривати поевтинија од полноќ

  • Од полноќ: Се намалуваат цените на бензините, поевтинува и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалија за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.