Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.
Во изминатата година разбивме14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата.
За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„ОВА НЕ Е БРЦНИ ПРАЧКА, ПИЈ ВИНО“ Тошковски уверува дека се постапува за дивоградби во Чаир фото: МВР Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби во скопската општина Чаир и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.