Ослабени од глад, многу жители на Газа секој ден патуваат низ разурнат предел за да донесат вода за пиење и миење, чии количини се сè уште далеку под нивоата потребни за одржување на здравјето на луѓето.
Мерката следи по владина одлука за проширување на хуманитарната помош, според COGAT, израелската агенција за координација на нејзините активности на палестинските територии.
Словенечката влада донесе одлука со која ја забранува целосната трговија (извоз, увоз и транзит) на воено оружје и опрема кон и од Израел. што ја прави Словенија првата држава во Европската унија која воведе таков потег, додека другите европски земји само ги намалија, но не ги прекинаа, своите оружени продажби кон Израел, премесува Euronews . Отсуството на европски консензус ги натера Словенците да преземат чекор самостојно.
Висок претставник на ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа, пренесува Би-би-си. Ова следи по извештаите во израелските медиуми дека премиерот Бенјамин Нетанјаху се залага за целосна реокупација на ПојасотМногу од сојузниците на Израел би биле против таков потег додека се залагаат за крај на војната, но, кога беше прашан, американскиот претседател Доналд Трамп им рече на новинарите дека е „фокусиран“ на дистрибуцијата на храна во Газа, додека прашањето за повторното окупирање на Појасот од страна на Израел „во голема мера ќе зависи од Израел“.Безбедносниот кабинет на Израел треба да се состане во четврток и ќе треба да одобри каква било таква акцијаНачалникот на армијата на земјата и други воени лидери наводно се спротивставуваат на стратегијата, а некои семејства на заложници стравуваат дека тоа би можело дополнително да ги загрози нивните најблискиИзраелската влада не им дозволува на меѓународните новински организации, вклучително и на Би-Би-Си, да влегуваат во Газа слободно да известуваатПреземено: Цивил Медиа.