Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата која се случува како плод на силната посветеност на Владата, а на која се разгледаа и избраа неколку кандидати за градоначалници, објави Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Сајкоски истакна дека вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници: за Сопиште – Јане Мицевски, за Кичево – Александар Јовановски, за Крива Паланка – Оливер Алексовски, за Маврово Ростуше – Онер Јакуповски, за Кривогаштани – Сашо Граорковски, за Шуто Оризари – Ерџан Демир, за Крушево- Нико Чонески, за Валандово – Ѓоко Камчев, за Виница – Митко Костадиновски, за Демир Хисар- Никола Најдовски, за Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов, за Радовиш – Љупчо Почивалец, за Чашка – Дејан Андоновски, за Прилеп – Дејан Проданоски, за Струмица -Петар Јанков, за Неготино- Марија Нацева.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Еве ги кандидатите кои ги објави партијата: 1. Сопиште – Јане Мицески 2. Кичево – Александар Јованоски 3. Крива Паланка – Оливер Алексовски 4. Маврово и Ростуше – Омер Јакупоски 5. Кривогаштани – Сашо Ронковски 6. Шуто Оризари – Ерџан Демир 7. Крушево – Нико Чонески 8. Валандово – Ѓоко Камчев 9. Виница – Митко Костадиновски 10. Демир Хисар – Никола Недоски 11. Чешиново Облешево – Јордан Костадинов 12. Радовиш – Љупчо Почиганец 13. Чашка – Дејан Андоновски 14. Прилеп – Дејан Проданоски 15. Струмица – Петар Јанков 16. Неготино – Благој Ацев За Кисела Вода, како што рече генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, и натаму се вршат анкетите и во најскоро време ќе биде одлучено кој ќе биде кандидат.
Најмалку 15 лица загинаа, а 18 други се повредени откако познатиот трамвај Глорија во Лисабон излета од шините и се урна, соопштија службите за итни случаи. Португалските служби за итна медицинска помош соопштија дека петмина од повредените се во сериозна состојба.
Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога популарната туристичка атракција во Лисабон, жичарницата Глорија, излета од шините и се урна, соопшти португалската полиција. Шефот на португалската служба за цивилна заштита изјави дека неколку лица се заробени, а девет лица се во сериозна животно загрозувачка состојба.
МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против шест вработени во ЈП „Национални Шуми“ за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување, при што нанеле штета на буџетот на претпријатието од над 170.000 евра. ,,СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против И.Т.(30) од Демир Хисар, И.Р.(59) од с.Кутретино, демирхисарско, Б.Ј.(60) од с.Слоештица, демирхисарско и С.У.(50) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против А.Ш.(31) од с.Смилево, демирхисарско и М.Ѓ.(46) од с.Загорче, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
СВР Битола соопшти дека до Основното јавно обвинителство во градот поднело кривична пријава против И.Т.(30) од Демир Хисар, И.Р.(59) од с.Кутретино, демирхисарско, Б.Ј.(60) од с.Слоештица, демирхисарско и С.У.(50) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против А.Ш.(31) од с.Смилево, демирхисарско и М.Ѓ.(46) од с.Загорче, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. „Првопријавениот И.Т., вработен во ЈП „Национални Шуми“ како раководител на Подружница „Бигла“ – Демир Хисар, во текот на 2023 и 2024 година несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности, односно посредно преку својата шумо-чуварска служба не извршил теренска контрола во атарот на с. Прибилци каде што бил утврден кусок од 343 кубни метри дрвна маса, која била посечена, но не и евидентирана во сметководствената евиденција на подружницата.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочи дека, ако АНБ не ја декласифицира документацијата, ќе се покаже дека станува збор за уште една предизборна манипулација на власта. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на директорот на АНБ, Бојан Христовски, се меѓусебно спротивставени во врска со случајот што власта се обидува да го претстави како афера за прислушување.
Од: А1он СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Oсобено по контрадикторните изјави на Мицкоски и Христовски.
Инженерите не само што ја обликуваат сегашноста, туку тие ќе ја проектираат и иднината. Тие го движат светот, ние државата, образовните и научните институции, бизнис-заедницата, граѓанските организации, сме должни да помогнеме да го реализираат она што го поседувате, највредното – знаењето.
За најавите на СДСМ за поднесување на Декларација со „црвени линии“ за евроинтеграциите на Македонија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека „не ги разбира“. По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии е апсурдно.
Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак.
Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак.
Во Грција, повеќе од 750 училишта се затвораат за новата учебна година, бидејќи наглото намалување на бројот на раѓања доведува до недоволен број ученици. Според статија на „Фајненшл тајмс“, повеќе од пет проценти од училиштата се затвораат, како во оддалечените села и острови, така и во Атина, каде што властите предупредуваат на „демографски колапс“.
Грвија се соочува со драматичните последици од нејзиниот демографски пад, од кои една е масовното затворање на училиштата низ целата земја. Поради намалувањето на бројот на запишани ученици, дури 721 училиште ќе ги затворат своите врати во учебната 2025/2026 година, според најновите податоци од грчкото Министерство за образование, пишува „Грик репортер“.
Фото: CCTV / социјални мрежи „Како да има шуга“: Вучиќ во улога на „фенерџија“ во Пекинг, го ставија сам и последен во колоната Српскиот претседател Александар Вучиќ престојува во Кина, каде учествува на одбележувањето на 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна. Кинескиот лидер Си Џинпинг собра бројни странски гости на свеченоста, а на официјалната заедничка фотографија Вучиќ се наоѓа во последниот ред осамен и на маргините на колоната од светски лидери, далеку од Си и Путин.
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Средбата ја следеа бројни телевизиски екипи.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, посочи дека европскиот пат на земјите од Западен Балкан е неразделив дел од безбедноста на континентот, а верноста кон Копенхашките критериуми останува најсилната гаранција дека тој пат ќе се движи во вистинската насока. Северна Македонија е целосно посветена на примената на Копенхашките критериуми, кои мора да останат водилка на процесот на проширување на ЕУ, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во обраќањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ и на државите кандидати за членство.
Орхан Муртезани / Фото: „Слободен печат“ / Слободан Ѓуриќ ВИДЕО | Муртезани: ЕУ е позаинтересирана за прием на нови членки по војната во Украина Весна Дрвошански Пред 6 секунди Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ“, рече Муратезани. Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани вели дека Европската унија е позаинтересирана за прием на нови членки особено од почетокот на руската инвазаија врз Украина.
Украина дефинитивно ќе добие безбедносни гаранции што ќе бидат резултат на состанокот на Коалицијата на подготвените утре во Париз, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој за време на заедничкиот брифинг со францускиот претседател Емануел Макрон рече дека досега не се видени сигнали од Русија дека сака да ја заврши војната, објави Укринформ.
Францускиот претседател Емануел Макрон/ Фото: Ludovic MARIN / AFP / Profimedia Макрон: Безбедносните гаранции за Украина се подготвени Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека безбедносните гаранции за Украина се подготвени и дека ќе бидат потврдени утре од „коалицијата на добронамерните“, која го поддржува Киев, на состанок во Париз. „Подготвени сме како Европејци да им понудиме безбедносни гаранции на Украина и на украинскиот народ на денот кога ќе се потпише мировниот договор“, рече Макрон, Тој рече дека подготвителната работа за безбедносните гаранции за Украина е завршена.
Од: А1он Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека демонстрантите што протестираат пред неговата резиденција во Ерусалим се однесуваат „идентично како фашистите“ откако активистите запалија контејнери и гуми во близина на неговиот дом. „Протестите се легитимни во демократијата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека демонстрантите што протестираат пред неговата резиденција во Ерусалим се однесуваат „идентично како фашисти“, откако активистите запалија контејнери и гуми во близина на неговиот дом. „Протестите се легитимни во демократијата.
Од: А1он Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, соопшти денес украинската влада. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Персискиот Залив, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, објави Ројтерс.
Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, објави денес украинската влада. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Персискиот Залив, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, објави Ројтерс.
Спомен-куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес.
Од: А1он Спомен куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес.
Елмас посочи дека влегуваат во пресметката со С. Арабија со максимален фокус и ова ќе биде одлична подготовка и увертира за предизвиците кои следат. „За нас пријателски натпревари не постојат.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој пред неколку дена ја комплетираше позајмицата во Наполи ќе биде дел од двата натпревари на Македонија, утрешниот пријателски против Саудиска Арабија и дуелот со Лихтенштајн три дена подоцна во квалификациите за Светското првенство. Како што порача фудбалерот од средниот ред, иако е пријателски натпревар тие ќе влезат максимално сериозно и на Саудиска Арабија гледаат како на сериозен ривал.
Последниот гренслем-турнир во годината е при самиот крај, а веќе се познати тројца полуфиналети и тоа се Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз и Феликс Оже-Алијасим, додека четвртиот ќе се решава меѓу Јаник Синер и Лоренцо Музети, а за тоа време раперот Дрејк се обложи на тоа кој ќе го крене пехарот. Раперот Дрејк е познат по неговите големи влогови, меѓутоа исто така важи и за најголемиот баксуз затоа што често греши и губи илјадници евра, а најновиот облог нема да му се допадне на италијанскиот тенисер Синер.
Од: А1он Јаник Синер – италијанскиот тенисер кој е прв на АТП листата се смета за главен фаворит на Отвореното првенство на САД. Италијанецот загуби само еден сет до четвртфиналето и е на добар пат да го одбрани трофејот освоен во Њујорк.
Митревски во Пелистер пристигнува по настапот во претквалификациите за Македонија во кои имаше просек од 10.3, поени, 2.5 скокови и 2.5 скокови по натпреварот.. Изминатата сезона Митревски беше дел од Феникс, а според информациите за него имало интерес од американската НЦАА-лига, но сепак тој се одлучил за Пелистер како подобар избор за продолжување на кариерата.
Фото: FIBA Ново име во Битола: Пелистер се засили со репрезентативец на Македонија Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски е ново засилување за екипата на Пелистер, потврди битолскиот клуб. Митревски своите квалитети ги покажа и во претходниот претквалификациски циклус за СП 2027 во кој беше меѓу ретките светли точки во македонскиот национален тим и во просек имаше по 10,3 поени, 2,5 скокови и две асистенции по натпревар.
Од: А1он Актерката Деми Мур беше гостинка во емисијата на Опра Винфри, каде што за првпат отворено проговори за влошената состојба на Брус Вилис и врската на неговата сегашна сопруга, Ема Хеминг, која „маестрално се справува со сите предизвици“. Деми беше во брак со Вилис 13 години и во тој период имаа три ќерки, а по разводот останаа најдобри пријатели и веројатно пример за сите за тоа како треба да изгледа едно семејство без оглед на околностите.
Познато е дека Брус Вилис и Деми Мур останаа блиски дури и по разводот, а актерката е позната по тоа што ја поддржува сегашната сопруга на Вилис, Ема, во овие тешки времиња. Сопругата на Брус Вилис неодамна беше критикувана поради сцојата искреност и целосна транспарентност.