Македонскиот фудбал остана без едно име во трагедијата во пожарот кој го зафати ноќниот клуб во Кочани.
Иако претходно имавме информации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани, објави ФК Шкупи.
Од редовите на Шкупи ја потврдија трагичната вест за смртта на фудбалерот на Андреј Лазаров кој животот го загубил обидувајќи се да помогне во хаосот кој се случувал во дискотеката „Пулс“.
Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани.