1 (17) ■ вести > македонија > скопје ■ 07-Jul 18:29 -> 07-Jul 21:30
.
.
.
.

Пожарот во Чучер Сандево активен и надвор од контрола, со воздушна интервенција ќе се продолжи рано сабајле

  • Општина Чучер Сандево бара прогласување на вонредна состојба

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи вечерва.

Општината Чучер Сандево свика вонредна седница – бараат од владата да прогласи вонредна состојба во општината поради пожарот кој се шири во населените места Глуво, Чучер, Кучевиште и Блаце.

3 (33) ■ спорт > тенис ■ 05-Jul 19:00 -> 07-Jul 18:49
.
.
.
.

Ѓоковиќ во четвртфинале на Вимблдон

  • Федерер го гледаше Ѓоковиќ како се приближува кон својот рекорд: „Голема чест ми е“

  • Ноле во Србија од херој до омразен поради „пумпањето“ за српската опозиција

  • Зарем е можно: Ѓоковиќ се повреди пред осминафиналето на Вимблдон?!

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ (Србија) со победата од 3:1 во сетови над Алекс Де Минор од Австралија се избори за 16-то четвртфинале на Вимблдон.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон со победа над Австралиецот Алекс де Минаур со резултат од 1:6, 6:4, 6:4, 6:4. Српскиот тенисер се пласираше во своето 16-то четвртфинале на најпознатиот тениски турнир, а за место во полуфиналето ќе игра против Флавиус Коболи, Италијанецот кој денес го елиминираше Марин Чилиќ.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека секој историски успех постигнат на неговиот омилен турнир Вимблдон му значи многу.

Новак Ѓоковиќ делувa моќно на досегашните мечеви на Вимблдон, но фановите на српскиот ас се загрижени во пресрет на утрешниот осминафинален дуел против Алекс де Минор од Австралија.

4 (60) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 06-Jul 14:31 -> 07-Jul 20:15
.
.
.
.

МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце

  • ВИДЕО: Два полициски хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце

  • Хеликоптер во акција за гаснење на пожарот над магистралата кон Блаце

  • ВИДЕО: Пожар беснее кај Блаце, активиран хеликоптер на МВР

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.

Министерство за внатрешни работи Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.

Хеликоптер од Министерството за внатрешни работи веќе интервенира во гаснењето на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, на потегот пред тунелот, на десната страна од коловозот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112.

5 (18) ■ вести > македонија ■ 07-Jul 14:02 -> 07-Jul 17:45
.
.
.
.

Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

  • ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОТРЕСЕ ВАЛАНДОВО Се почувствува и во Струмица

Сеизмолошката опсерваторија денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и во блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

7 (47) ■ вести > свет > сад ■ 06-Jul 06:17 -> 07-Jul 20:53
.
.
.
.

КРЕМЉ СЕ ПРАВДА: БРИКС никогаш не работел на поткопување на трети земји

  • Клучни пораки од самитот на БРИКС: Осуда на нападите врз Иран и Газа, но и за Украина поради ракетните напади на Русија

  • Трамп: Кој ќе се приклучи на политиката на БРИКС, дополнителна царина од 10 проценти

  • Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

Добивај вести на Viber Кремљ тврди дека БРИКС никогаш не работел на поткопување на други земји.

Лидерите на БРИКС остро го осудија бомбардирањето на Иран извршено од САД и Израел во јуни, нарекувајќи го „флагрантно кршење на меѓународното право“, додека изразија силна поддршка за создавање палестинска држава.

НасловнаСветТрамп: Кој ќе се приклучи на политиката на БРИКС, дополнителна царина од 10 проценти You cannot print contents of this website.

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

9 (128) ■ вести > свет > сад > војна ■ 05-Jul 00:00 -> 07-Jul 19:43
.
.
.
.

Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“

  • Судирот меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот продолжува

  • Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

  • Зголемените американски царински стапки ќе се применуваат од 1 август

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.

Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ од телефонскиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин, кој не довел до напредок кон завршување на војната во Украина.

Тие беа објавени на почетокот на април, а потоа привремено суспендирани додека се во тек преговорите со засегнатите земји.

10 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Jul 12:56 -> 07-Jul 18:00
.
.
.
.

(ВИДЕО)Спасовски: Власта повторно не покажа ниту одговорност, ниту волја за помош за жртвите во Кочани - не гласаа за амандманот на СДСМ

  • СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани - 934 милиони денари помош за настраданите

Владата не не само што не покажа слух и не го прифати амандманот на СДСМ , истовремено не понуди ниту образложение зошто нема потреба да се прифаќа амандман за помош на семејствата на настраданите во Кочани, потенцираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција откако на амандманската расправа за ребаланс на Буџетот, пратенците од власта не гласаа за амандманот на СДСМ и коалицијата.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици.

12 (22) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 07-Jul 09:41 -> 07-Jul 16:45
.
.
.
.

Алиу: Дигитализацијата не е технолошки луксуз, туку предуслов за ефикасно здравство

  • Алиу: Продолжуваме да работиме на унапредување на здравствениот систем и да ги спроведуваме новите мерки и реформи

  • Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

НасловнаМакедонијаАлиу: Дигитализацијата не е технолошки луксуз, туку предуслов за ефикасно здравство You cannot print contents of this website.

Проекти и мерки реализираа во изминатиот период Владата и Министерството за здравство.

Вкупно 39 граѓани пријавиле проблеми со кои се соочиле во некоја од здравствените установи, а некои од нив се непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, мито, доцнење во пружање здравствена услуга.

13 (49) ■ вести > свет > израел > војна ■ 05-Jul 08:07 -> 07-Jul 21:16
.
.
.
.

Трамп: Добри се шансите за постигнување договор со Хамас

  • Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

  • Израел го разгледува одговорот на Хамас за примирје, во меѓувреме уште најмалку 40 убиени во Појасот Газа

  • Неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Од: А1он Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со палестинското исламистичко движење Хамас „оваа недела“, што би довело до ослободување на израелските заложници држени во Појасот Газа.

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе.

Преговорите во Катар за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел заврши без резултат, изјавија два неименувани палестински извори.

14 (19) ■ вести > македонија > политика > бензин ■ 06-Jul 10:15 -> 07-Jul 17:15
.
.
.
.

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

  • Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Еуросупер БС-95 ќе чини 74 денари, еуросупер БС-98 ќе биде 76 денари, дизел-горивото еуродизел БС (Д-Е V) 70 денари, екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 69,50 денари и мазутот М-1 НС 39,409 денари Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 1,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,174 денари/ килограм, а еуродизел (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари/литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на одлуката од 30 јуни.

Повеќе од
оваа категорија

68 (46) ■ спорт > фудбал > германија ■ 05-Jul 17:08 -> 07-Jul 18:00
.
.
.
.

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусиала

  • ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

  • Нојер бесен на Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала, не се извини додека не го натерав

  • Хорор повреда на Мусиала: Донарума во шок откако ја повреди ѕвездата на Баерн (ВИДЕО)

Извршниот директор на минхенски Баерн Минхен, Макс Еберл, вети целосна поддршка од клубот за германскиот репрезентативец Џамал Мусијала, кој претрпе фрактура на фибулата на левата нога за време на четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД против ПСЖ.

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата.

Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го победи Баерн со 2:0, натпревар кој го обележа сериозната повреда на Џамал ​​Мусиала.

Најголемата ѕвезда на Баерн (М), Џамал Мусијала претрпе тешка повреда на левата нога на крајот од првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство меѓу неговиот Баерн и ПСЖ.

Повеќе од
оваа категорија

183 (2) ■ бизнис > свет > сад ■ 07-Jul 14:30 -> 07-Jul 16:49
.
.
.
.

ЕК без коментар за најавите од САД за одложување на царините и испраќање писма до трговските партнери

  • ЕК не ги коментира најавите од САД за одлагање на царините до 1 август и за испраќање писма до трговските партнери

Европската комисија не сакаше да даде коментар за најавите кои пристигнаа од Вашингтон во врска со одложувањето на влегувањето во сила на одлуката за тарифи од 50 отсто за увоз во САД до 1 август, како и за испраќањето писма со детали за нови даночни стапки и трговски спогодби до американските економски партнери, рече денес портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија и царини, Олоф Гил.

Европската комисија не ги коментира најавите од Вашингтон за одлагање на стапувањето во сила на одлуката за царини од 50 отсто за увоз во САД до 1 август, како и за испраќањето писма со детали за нови царински стапки и трговски договори до американските трговски партнери, изјави денеска портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија и царини Олоф Гил.

197 (2) ■ магазин > астро ■ 07-Jul 14:14 -> 07-Jul 15:30
.
.
.
.

На 10 јули пристигнува полна месечина во рак: Им носи голем бран на среќа и изобилие на ОВИЕ 5 хороскопски знаци

  • ▷ На 10 јули пристигнува полна месечина во рак - носи голем бран на среќа на некои хороскопски знаци

Полната месечина на 10. јули пристигнува со силен енергетски набој и навестува значајни животни пресврти кај многумина Според астрологијата, полната месечина носи кулминација и го осветлува сето она што дотогаш било нејасно, отворајќи врати кон нови увиди, емоции и одлуки.

Полната месечина на 10. јули пристигнува со силен енергетски набој и навестува значајни животни пресврти кај многумина Според астрологијата, полната месечина носи кулминација и го осветлува сето она што дотогаш било нејасно, отворајќи врати кон нови увиди, емоции и одлуки.

122 (32) ■ сцена > музика ■ 05-Jul 12:45 -> 07-Jul 09:30
.
.
.
.

Еве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд! ” - Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен

  • (Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани

  • Цеца откри непознати детали за Никола Станишиќ: „Имаше трагедија во семејството...“

  • Победникот на Ѕвездите на Гранд оваа сезона е Никола Станишиќ од Македонија (видео)

НасловнаЗабаваЕве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд!” – Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен You cannot print contents of this website.

(Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани од Еспресо09:50 - 6 јули, 202508:41 - 6 јули, 2025 Младиот Никола Станишиќ од Скопје е победник на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Синоќа, Никола Станишиќ од Македонија го освои големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвезда Гранда“ за 2025 година.

Големото финале на „Ѕвездите на Гранд“ се одржа во Белград, а победник беше Никола Станишиќ (25) од Македонија.

448 (4) ■ сцена > култура ■ 05-Jul 18:16 -> 07-Jul 08:14
.
.
.
.

Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов изложуваат во Грција

  • ▷ Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов претставуваат во Грција.

Вечерва, со почеток во 20 часот, во главниот град Хора, на островот Андрос, свечено ќе биде отворена изложбата на првата интернационална уметничка работилница со наслов „Поистоветени со хоризонтот“ (“Aligned to the horizon”). Во текот на јуни, девет меѓународни уметници: Сергеј Андреевски (Скопје), Ан Лизе Бројер (Париз), Стано Бубан (Братислава), Маријана Кацарас (Тунис), Маркос Хаџипатерас (Лондон – Атина), Никола Пијанманов (Струмица), Герлинде Пистнер (Нирнберг), Кристина Рахме (Бејрут) и Карла Салем (Лондон – Бејрут) се нурнаа во пејзажот, архитектурата и приказните врежани во камењата и древните патеки на Андрос – и ги трансформираа овие средби во уметнички дела за време на нивниот престој во резиденцијата „Амалија Гарденс“ во Витали, Андрос.

Во месец јуни, деветмина меѓународни уметници, вклучувајќи ги Сергеј Андреевски од Скопје, Ан Лизе Бројер од Париз, Стано Бубан од Братислава, Маријана Кацарас од Тунис, Маркос Хаџипатерас од Лондон и Атина, Никола Пијанманов од Струмица, Герлинде Пистнер од Нирнберг, Кристина Рахме од Бејрут и Карла Салем од Лондон и Бејрут, се потопија во прекрасниот пејзаж, архитектурата и старинските приказни вградени во камењата и древните патеки на островот Андрос.

83 (3) ■ технологија ■ 07-Jul 12:47 -> 07-Jul 17:30
.
.
.
.

Samsung воведува безбедносни решенија за мобилни уреди подготвени за иднината и персонализирано AI искуство

Новите иновации како што се Knox Enhanced Encrypted Protection, унапредениот одговор на закани со Knox Matrix и Secure Wi-Fi со заштита отпорна на квантни напади ја зајакнуваат приватноста и контролата на корисниците кај новите Galaxy уреди Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави сет нови безбедносни ажурирања за приватноста, кои ќе се имплементираат со новите Samsung Galaxy смартфони со оперативниот систем One UI 8. Овие новини ја зацврстуваат посветеноста на Samsung да понуди моќна и доверлива мобилна технологија во бргупроменливиот дигитален свет, преку воведување на нови заштити за AI што работи на самиот уред, проширување на детекцијата на закани низ различни уреди и унапредување на безбедноста на мрежите со енкрипција отпорна на квантни компјутери.