1 (7) ■ вести > македонија ■ 17-Oct 13:16 -> 17-Oct 17:32
.
.
.
.

МАНУ: Во Македонија, како и во регионот и во светот, постои само една национална академија

  • Се огласи Живко Попов: Има само една МАНУ

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски дискусии, кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата.

Денеска се огласија и од МАНУ, по бројните реакции на политичките партии и јавноста во врска со новоформираното здружение на етничките Албанци во Македонија.

2 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 17:41 -> 17-Oct 17:12
.
.
.
.

АНБ не се политизира, неправдата врз Христовски е исправена и тој има безбедносен сертификат, вели премиерот Мицкоски

  • Проф. Пивоваров за ЦИВИЛ: Со Агенцијата за национална безбедност треба да раководи човек на државата – a не човек на партијата

  • СДСМ: Власта спроведува опасна партизација, новиот директор на АНБ треба веднаш да се разреши и да се именува нов

  • Бојан Христовски е нов директор на АНБ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Агенцијата за национална безбедност не се политизира и дека на новоименуваниот директор Бојан Христовски му била нанесена неправда во минатото.

Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата.

Со назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација, како на АНБ, така и на клучните безбедносни институции, реагираат од опозицискиот СДСМ.

Бојан Христовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, неофицијално пренесува Инфомакс, повикувајќи се на сопствени извори.

3 (12) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 17-Oct 15:38 -> 17-Oct 16:09
.
.
.
.

Обвинителство: Уапсени 13 лица, посредувале во вршење проституција и илегална трговија со дрога

  • (ВИДЕО) Разбиена е криминална група за посредување во вршење проституција и трговија со дрога – истрага против 14 лица

Тринаесет лица се уапсени во денешната акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во рамките на која биле извршени претреси на 17 локации во тетовскиот регион и во Охрид.

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведоа координирана акција во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата.

5 (35) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 18:30 -> 17-Oct 14:30
.
.
.
.

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

  • Пуштен сообраќајот на патот Скопје – Велес

  • Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Катланово

  • Обвинител и екипи на МВР вршат увид на местото на сообраќајката на автопатот Скопје – Велес, повикан и вештак

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Македонија пат информира дека сообраќајот на патниот правец автопат А1 Скопје – Велес, кој беше во прекин поради тешка сообраќајна несреќа, од 22.00 часот е пуштен за сообраќај.

Три лица го загубија животот, а петмина се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, информира ЈОРМ.

7 (20) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 15-Oct 19:41 -> 17-Oct 15:20
.
.
.
.

Таравари: За законот за правична застапеност повторно ќе ангажираме експерти со „сенс“ за оваа работа

  • Таравари за починатото 14-месечно бебе: Не сум судија, ниту обвинител – директорите да преземат мерки за докторите што направиле превид

  • „Козле“ и Таравари со поделени ставови: Дали имало пропусти во лекувањето на 14-месечното дете?

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, денеска појасни дека имало предлог-закон за правична застапеност од нивна страна.

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека досега нема поднесено ниту една жалба за извештајот што е испратен до Клиниката за детски болести и Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, а кој е изготвен по извршениот стручен надзор откако почина 14-месечно бебе.

Имало ли пропусти во лекувањето на 14-месечното дете за кое неколку пати била одбивана хоспитализација на Клиниката за детски болести, по што родителите се упатиле кон „Козле“, но таму состојбата се влошила и било вратено на Клиниката за детски болести и итно хоспитализирано.

10 (89) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 07:25 -> 17-Oct 09:13
.
.
.
.

Полицаец сведок: Пријател на таткото на Вања ја имаше снимката од возилото на Панче

  • Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Исечен бил кабелот од камерата која снимала кон зградата каде што беше киднапирана Вања

Полицаецот Музафер Карашиќ, на предлог на Обвинителството денеска сведочеше на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Камерата која можела да ги даде сите одговори за киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а која снимала спроти влезот на зградата во која живееле, во кобниот момент не работела бидејќи кабелот и бил пресечен.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

171 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Oct 14:24 -> 16-Oct 18:06
.
.
.
.

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

  • Таксата на ЕУ за јаглерод диоксид ќе биде нов удар за цената на струјата во Македонија

Имплементирање на пакетот за чиста енергија и на пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија кои се однесуваат пред се на поврзување на пазарите на електрична енергија во земји членки на ЕУ и во земји кои не се членки на ЕУ, е тема на разговор на денешниот состанок во Скопје на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија, чиј коорганизатор е Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). - Во рамките на Балкан енерџи скул, којшто е основан од регулатори од Балканот вклучувајќи ја и РКЕ на Македонија, денеска имаме чест да ни ги презентираат искуствата во земјите членки, пред се во Италија и Грција, Тоа ни претставува особена чест и задоволство, имајќи во предвид дека Македонија уште со министерката одлука кон крајот на 2022 година презема обврски овој пакет за чиста енергија и пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија да ги имплементира во текот на 2023 и почетокот на 2024 година.

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен.