1 (44) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Jun 09:15 -> 02-Jun 21:00
.
.
.
.

Асмир Јахоски патувал надвор од државата со патна исправа со ограничен рок на важење издадена од МВР по решение на Апелација

  • Асмир Јахоски утрово се пријавил во Кривичен суд , од Апелација велат дека не издаваат патни исправи

  • Jaхоски се пријавил во Кривичен по викендот во Истанбул, од Апелација велат дека не му дале пасош

  • До пред месец во притвор, сега на Босфор: Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, за кого Судот има определено мерки за претпазливост во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, надвор од државата патувал со исправа со ограничен рок на важење, информираат за МИА од МВР.

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдија од Кривичен за МИА.Јахоски, како што соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бил на патување надвор од државата.

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдија од Кривичен за МИА.

Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, денеска се појави на фотографии од Босфор, односно Турција.

2 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Jun 03:02 -> 02-Jun 20:54
.
.
.
.

Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД

  • Димитриеска- Кочоска: Од 1 јули намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија

  • За иницијативата за издвојување пет отсто од БДП за одбрана, ќе се следи состојбата со буџетот, најави Димитриеска - Кочоска

  • Министерството за финасии почнува преговори со министерствата за ребалансот на буџетот

Владата предложи да се укинат царините за стоките од САД.

Владата нa последната седница усвои Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа со што вршиме намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија.

Фискалната консолидација продолжува и понатаму.

Министерството за финансии од денеска почнува со преговорите со останатите министерства за ребалансот на буџетот, откри министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

8 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 31-May 07:54 -> 02-Jun 18:21
.
.
.
.

Павле Трајанов: Демократски сојуз поднесе предлог за измени на Изборниот законик

  • Најавени предлози за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица

  • (ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

  • Пропорционален модел без изборен праг: Трајанов поднесе предлог за една изборна единица

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, денес до Парламентот, го достави Предлог -Законот за измени на Изборниот законик со кој се предлага Макединија да биде една изборна единица.

Откако на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, но и да се озвозможи и дијаспората да гласа, Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз најавија дека до Собранието ќе достават свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица.

Од: А1он Либерално-демократската партија и понатаму останува доследна во својата заложба за темелни изборни реформи, вели во својата изјава за медиумите портпаролот на ЛДП, Љубен Аврамовски.

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, денес до Парламентот, го достави Предлог -Законот за измени на Изборниот законик со кој се предлага Макединија да биде една изборна единица.

10 (13) ■ вести > свет ■ 02-Jun 07:50 -> 02-Jun 21:15
.
.
.
.

Поранешната шефица на германската дипломатија избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

  • Аналена Бербок денеска се избира за претседателка на Генералното собрание на ОН

Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, денес беше избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН. Таа беше избрана на таа позиција во Њујорк, седиштето на Обединетите нации, со 167 гласови „за“.

Facebook/Annalena Baerbock Генералното собрание на ОН денеска треба да ја избере поранешната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок за претседател на најголемото тело на ОН. Бербок нема противкандидат во кандидатурата за оваа едногодишна највисока позиција, која е првенствено од церемонијално значење и не треба да се меша со улогата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

14 (23) ■ вести > свет > еу ■ 01-Jun 08:27 -> 02-Jun 17:27
.
.
.
.

“Трамп од Гдањск” победи на изборите во Полска: Во младоста беше “боксер во улични тепачки”

  • Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска

  • Фон дер Лајен: ЕУ ќе ја продолжи добрата соработка со Полска по победата на Навроцки

Новиот претседател на Полска ќе биде Карол Навроцки, независен кандидат кој ја имаше поддршката на десничарските партии, објави националната изборна комисија.

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето, објави изборната комисија врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му честиташе на Карол Навроцки за неговата победа на претседателските избори во Полска денес, велејќи дека е уверена дека Европската Унија може да ја продолжи својата „многу добра соработка“ со Полска.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

87 (4) ■ бизнис > економија ■ 02-Jun 11:25 -> 02-Jun 15:15
.
.
.
.

„Млади инженери од ФЕИТ започнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини“

  • Студенти од ФЕИТ почнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

133 (4) ■ бизнис > македонија ■ 02-Jun 08:28 -> 02-Jun 10:30
.
.
.
.

Стоилев: Николовски наместо да зборува дека ИПАРД 2 е катастрофа, да признае дека се случила кога бил министер

  • НИКОЛОВСКИ ГО ОДЛОЖИЛ ПОВИКОТ ЗА ИПАРД 2 ЗА ДА ВМЕТНЕ НОВА ЦЕЛНА ГРУПА Стоилов го повика да ја признае грешката наместо да критикува

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се занимава со исплата на средства по одредени програми кои ги носи Владата односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде тие исплати мораат да бидат поткрени со одредена документација или доказ за остварено производство, одредени капацитети, одредена инвестиција или слично, рече Илија Стоилев, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во своето гостување подкастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

Љупчо Николовски наместо да зборува дека ИПАРД 2 кампањата е катастрофа, нека признае дека катастрофата се случила во 2023 кога тој бил министер и сакал да си вметне негова целна група дополнително да аплицира, изјави Илија Стоилев, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во своето гостување подкастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

205 (4) ■ сцена > занимливости ■ 31-May 18:15 -> 02-Jun 19:25
.
.
.
.

Здравко Чолиќ со 50 врвни музичари од новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад на три концерти во Скопје

  • Здравко Чолиќ искрено за најтешките гласини: „Ме правеа хомосексуалец, зборуваа и за силување - мајка ми го читаше сето тоа“

Легендарниот Здравко Чолиќ, по 6 години ќе се врати во Скопје, а овој пат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад.

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ, кој денес го слави својот 74-ти роденден, ретко зборува за приватниот живот, но неодамна отворено проговори за долгогодишните гласини што го следат.„Сè започна со некоја приказна за силување додека бев на турнеја во Советскиот Сојуз.

266 (4) ■ сцена > култура ■ 31-May 12:44 -> 31-May 14:14
.
.
.
.

Министерството за култура објави Конкурс за учество на Република Македонија на 61. Венециско биенале (La Biennale di Venezia)

  • Објавен Конкурс за учество на државава на 61. Интернационална ликовна изложба „Венециско биенале“

Министерството за култура и туризам денеска на својата веб страница го објави Конкурсот за учество на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале“ (La Biennale di Venezia). Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во молски тоналитети“ („In Minor Keys“) зададена од кураторот на изложбата Којо Кух (Koyo Kouoh). Конкурсот ќе трае од 31.5.2025 година заклучно до 30.6.2025 година.

Министерството за култура и туризам денеска на својата веб-страница го објави Конкурсот за учество на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале“ (La Biennale di Venezia). Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во молски тоналитети“ („In Minor Keys“) зададена од кураторот на изложбата Којо Кух (Koyo Kouoh). -Конкурсот ќе трае од 31 мај 2025 година заклучно до 30 јуни 2025 година.