1 (20) ■ вести > македонија ■ 21-Mar 12:11 -> 22-Mar 21:12
.
.
.
.

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

  • Николоски: Oбемни контроли на лиценците, проверени над 640 – кај 97 правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови

  • Николоски: Од 2810 лиценци го градежништвото, одземавме 427, имало класично изигрување на системот

Одземавме 427 лиценци во делот на градба, проектирање и надзор од досега прегледаните 2810 лиценци во Министерството.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Министерството за транспорт и врски досега одзеде 427 лиценци на градежни компании кои не ги исполнуваат потребните услови, иако во моментот на издавање ги задоволувале критериумите.

2 (29) ■ вести > македонија > регион ■ 21-Mar 18:56 -> 22-Mar 16:33
.
.
.
.

Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани

  • Утре во Солун на плоштадот Аристотел, молк за жртвите во пожарот во Кочани!

  • „Солун во молк за Кочани“: Напладне собир на плоштадот Аристотел во спомен на загинатите

„Солун е со тебе Кочани“; „Нивните профити или нашите животи“; „Едни иселивте, а тие што останаа ги убивте – Кочани 16.03.2025“; „Репертоарот е со години ист, настапува корупција, а народот е публика“; „Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“, беа дел од пораките на паноата на Македонците кои точно напладне се собраа на плоштадот „Аристотел“ во Солун за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Плус“ во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина.

Утре, сабота, во 12 часот на главниот плоштад во Солун, Аристотел, ќе им се оддаде почит на жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани.

Македонците кои живеат и студираат во Солун, точно напладне организираат собир „Солун во молк за Кочани“ на централниот плоштад „Аристотел“ за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, јави дописничката на МИА од Атина.

12 (59) ■ вести > свет ■ 20-Mar 07:48 -> 22-Mar 19:33
.
.
.
.

АВИОНОТ F-47 ЌЕ ГОСПОДАРИ СО НЕБОТО Трамп му го покажа на светот моќниот ловец од шестата генерација

  • Трамп денеска ќе го потпише указот за укинување на Министерството за образование

  • По новите руски напади, Трамп предлага американска сопственост над украинските електрани

  • Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро

Воздухопловните сили на САД (USAF) донесоа историска одлука – Боинг е победник на престижната и долгоочекувана програма NGAD (Следна генерација воздушна доминација), а новиот ловец од шестата генерација ќе биде означен како F-47. Оваа одлука од Овалната соба на Белата куќа ја соопшти лично претседателот Доналд Трамп, наведувајќи дека УСАФ, по долгогодишно натпреварување и тестирање, го избрала кандидатот на Боинг како решение што „испорачува бројки досега невидени“ во речиси пет години тајни програми за развој и тестирање.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска планира да потпише извршна наредба со која се наложува затворање на американското Министерство за образование, изјави претставник на Белата куќа.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата (19 март) за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи САД да ја преземат сопственоста на украинските електрани, додека тој се обидува да го премости јазот меѓу Москва и Киев и да обезбеди прекин на огнот во повеќе од тригодишната војна.

Договорот за ретки минерали со Киев ќе биде потпишан наскоро, а напорите на САД за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина одат „прилично добро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по неговите разговори оваа недела со украинскиот и рускиот лидер.

Повеќе од
оваа категорија

22 (5) ■ спорт > фудбал ■ 22-Mar 17:34 -> 22-Mar 19:40
.
.

Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите и повредените во Кочани

  • Омерагиќ: Од срце им честитам на фудбалерите и стручниот штаб, да продолжиме заедно со верба за Македонија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ ја честиташе победата на македонските фудбалери против Лихтенштајн (0:3). „Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ им честиташе на фудбалерите и стручниот штаб за победата против Лихтенштајн на стартот од квалификациите за Светското првенство 2026, која е извојувана во исклучително тешки моменти за Македонија по ужасната трагедија во Кочани.

Повеќе од
оваа категорија

67 (11) ■ бизнис > економија ■ 21-Mar 09:28 -> 22-Mar 11:19
.
.
.
.

Просечната плата во јануари 43.050 денари – за една година раст од 8,9 проценти

  • Просечната нето-плата во јануари била 43.050 денари

Во јануари е исплатена просечна плата од 43.05 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година изнесувала 43.050 денари, податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација 15.6%, административни и помошни услужни дејности 12% и образование 11.4%. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите градежништво 6.6%, преработувачка индустрија 5.4% и финансиски дејности и дејности на осигурување 4.5%. Просечната месечна исплатена -плата по вработен во јануари пак изнесувала 64.697 денари.

185 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 21-Mar 12:06 -> 21-Mar 13:27
.
.
.
.

Кумбароска Ванбeсин: Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка за поефикасно и побрзо работење

  • Марија Кумбароска Ванбeсин во „Бизнис-клуб“: „Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка која може да се користи за поефикасно и побрзо работење“

Во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, гостин е Марија Кумбароска-Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, која изнесува ставови за значењето на човечките ресурси во остварувањето раст и развој во организациите и за потребата од вложување во нив во насока на зголемување на нивото на нивното знаење и на стекнувањето нови вештини.

Во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, гостин е Марија Кумбароска-Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, која изнесува ставови за значењето на човечките ресурси во остварувањето раст и развој во организациите и за потребата од вложување во нив во насока на зголемување на нивото на нивното знаење и на стекнувањето нови вештини.

215 (5) ■ бизнис > балкан ■ 20-Mar 15:58 -> 21-Mar 09:24
.
.
.

Ќе се преполови бројот на работни дозволи за македонските печалбари во Германија – станува збор за работните дозволи

  • Германија ќе го намали бројот на работници од Балканот

Новиот коалициски договор на германските партии предвидува сегашниот број од 50.000 работни дозволи за Западен Балкан да се преполови и да се овозможи доаѓање на 25.000 работници годишно за да се контролира имиграцијата и да се намали притисокот врз домашниот пазар на труд Доколку Германија го преполови бројот на работници што доаѓаат од земјите на Западен Балкан, тоа ќе ги засегне и македонските граѓани што планираат да заминат на печалба во оваа земја, дознава од агенциите што посредуваат при вработувањето во странство.

Германските демохристијани и социјалдемократите преговараат за формирање нова влада, а една од клучните одредби на потенцијалниот коалициски договор во делот поврзан со миграцијата е намалување на бројот на работници во Германија од Западен Балкан.