1 (7) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 04-Oct 15:28 -> 04-Oct 16:15
.
.
.
.

Драма кај Блаце: Косовец со „волво“ им сечел пат на полицајци за комбе да може да им избега

  • ИМ ГО ПРЕСЕКОЛ ПАТОТ И СИ ПОИГРУВАЛ СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ Драма на патот кон Блаце

Вистинска драма се одвивала на патот помеѓу Скопје и Граничниот премин Блаце кога косовски државјанин со своето возило „волво“ ги попречувал полицајците за да запрат комбе „мерцедес“.

Вистинска драма се одвивала вчера на регионалниот пат Скопје-ГП Блаце кога косовски државјанин со својот автомобил се обидел и успеал во намерата да спречи полициска екипа да запре камион.

3 (35) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Oct 10:06 -> 04-Oct 16:13
.
.
.
.

Најмалку 14 загинати во поплавите во Јабланица: „Ова се пронајдените од спасувачите“

  • (ВИДЕО) Слики на ужасот: Буквално исчезна пат кај Јабланица, медиумите во Босна шпекулираат со над 10 мртви

  • Поплавени централни делови на повеќе градови во БиХ, најтешка состојбата во Јабланица

  • (ФОТО+ВИДЕО) Неколку лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина

Во поплавите што ја зафатија Јабланица, во БиХ, загинале најмалку 14 лица, соопшти раководителот на Секторот за односи со јавноста, Дарко Јукан.

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Klix.ba, бројот на загинати во поплавите и одроните во Јабланица е зголемен на над 10 лица.

Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите.

Неколку лица загинаа по синоќешното невреме со обилен дожд што предизвика свлечишта, одрони и одлив на реки во некои од централните и јужните подрачја во Босна и Херцеговина.

5 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Oct 10:18 -> 04-Oct 13:46
.
.
.
.

Се подготвува правилник за премин на доктори од приватното во јавното здравство

  • Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело

  • Лекари од приватните клиники ќе можат да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година

Во Министерството за здравство се подготвува правилник за премин на доктори од приватна во јавна установа.

Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска вети дека ќе направи се во координација со Министерството за финансии барем на половина од средно медицинскиот кадар кој работи со договор да биде вработен во јавните здравствени установи.

Владата ја укина забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро тие ќе може да се вратат, рече министерот за здравство Арбен Таравари.

8 (113) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Oct 08:38 -> 04-Oct 16:17
.
.
.
.

Во Прилеп денеска е ден на жалост

  • Во Прилеп утре Ден на жалост по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

  • Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај Лагово

  • Загинаа тројца прилепчани откако камион возел во спротивен правец на патот Пилеп-Битола

Денешниот ден, петок 4 октомври е ден на жалост во Прилеп поради трагичната смрт на трите медицински лица кои вчера изутрината загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола.

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.

Три лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола.

9 (74) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Oct 09:25 -> 04-Oct 15:44
.
.
.
.

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

  • СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, нема покачување на минималната плата

  • Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се помалку пари во џебовите

  • Филипче: Вкупното зголемување кај пензионерите не е 2.500 денари, туку е помалку

„ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ“, соопшти СДСМ.

Во првите 100 дена од владеењето на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ власта покажа тотална негрижа во однос на исполувањето на основните потреби на работниците, велат од СДСМ, додавајќи дека и покрај барањето и на работниците и на Синдикатите за приоритетно покачување на минималната плата на 450 евра, Владата не презеде никакви мерки.

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак генерално за државата, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21. Филипче поосочи дека ВМРО ДПМНЕ не ги продолжи политиките коишто претходните седум години СДСМ интезивно ги спроведуваше и не ги зголеми платите и покрај тоа што сега нема инфалција.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето гостување на „Клик плус“ на ТВ21, го критикуваше неисполнувањето на предизборните ветувања за зголемување на пензиите.

10 (12) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 04-Oct 13:22 -> 04-Oct 14:40
.
.
.
.

Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“

  • Постапка и мерки на претпазливост за шест затворски полицајци од КПУ Идризово

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И. И. (37), Ј. А. (36), И. Ј. (50), Д. П. (34), Ф. Б. (31) и В. Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ. -Пријавените И. И. и Ј. А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 1 февруари 2023 година, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И. И. и Ј. А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите , овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј. Р. , И. Ј. , Н. Б. , С. С. , Р. К. , И. Р. и Е. С. , соопшти МВР.

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, започна предистражна постапка против шест затворски полицајци вработени во КПУ Идризово.

14 (88) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Oct 09:12 -> 04-Oct 15:47
.
.
.
.

Меџити за излегувањето на Тачи од Европскиот фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

  • Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција

  • МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА АХМЕТИ ЗА ВЕТИНГ: Ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира

  • Мицкоски: Очекував поголема креативност од Ахмети, жалам што ја спореди партијата со гума за спасување

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Влен, коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт предводен од ДУИ, рече дека партиите во овој фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена.

Европскиот фронт нема намера да стане дел од владината коалиција, порача денеска лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на прес-конференцијата посветена на 100 дена работа на новата Влада.

Јас мислев дека со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор заврши, но тие еве продолжуваат и понатаму, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за барањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за ветинг за сите функционери во последните 30 години.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека ДУИ пополека се навикнуваат на опозиција, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со која ја повика Влен да излезе од Влада и да се приклучи на опозицијата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

217 (4) ■ бизнис > македонија ■ 03-Oct 11:51 -> 03-Oct 12:40
.
.
.
.

ГРОЗЈЕТО ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ЦЕНА Раце ќе тријат и тутунарите, сливарите, јаболкарите…

  • Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти

Во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

218 (4) ■ бизнис ■ 03-Oct 10:39 -> 03-Oct 12:55
.
.
.
.

НА ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И РОМАНЦИТЕ ИМ СЕ СПОИЈА ЖИЧКИТЕ До кога ќе плаќаат многу поскапа струја од „западњаците“, нели се сите заедно во ЕУ?!

  • Министрите за енергија на ЕУ на 15 октомври ќе расправаат за проблемот со скапата струја во ЈИЕ

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

279 (4) ■ бизнис > економија ■ 02-Oct 14:15 -> 02-Oct 21:10
.
.
.
.

“Кажи YES за фиксна рата, нова примамлива понуда од Шпаркасе Банка“: Нов станбен кредит во денари со каматна стапка од 3,49% и потрошувачки кредит со кaматна стапка од 5,3%

  • Кажи „YES“ за фиксна рата, нова примамлива понуда од Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапкиПочнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата.

Нов станбен кредит во денари со каматна стапка од 3,49% и потрошувачки кредит со кaматна стапка од 5,3% Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапки Почнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата.